КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Профил



 

Стопанска банка А.Д. - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во Македонија во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Македонија.

На почетокот на 2000 година управувачкиот пакет-акции од Стопанска банка А.Д. - Скопје беше откупен од страна на Националната банка на Грција – една од најголемите банкарски групации во Југоисточна Европа. Со овој значителен чекор Банката го продолжи својот растеж и развој во успешна компанија во согласност со светските банкарски стандарди.

По преземањето од НБГ, Стопанска банка А.Д. - Скопје ја засили својата конкурентност преку интензивно преструктурирање. Банката воведе софистициран информациски систем и нова организациска структура, го исчисти своето кредитно портфолио, воведе стандардизирани процедури за кредитно одлучување, управување на ризиците и на набавките, ја подобри структурата на вработени и стана водечка компанија во земјата во корпоративното управување. Денес, Стопанска банка А.Д. – Скопје е Банка со најголем број клиенти од населението и од правните лица, Банка со најразвиена мрежа на локации, најголемо портфолио кредитни и депозитни производи и Банка со најголема актива.



ЕМБС на СБ: 4065549

 

 

 

Народна банка на Република Македонија на Стопанска банка АД – Скопје и издаде:

 

 

 

 

Печати