КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

 

Примарен пазар

Стопанска банка АД - Скопје како директен овластен учесник на примарните аукции на државни хартии од вредност организирани од страна на Министерството за финансии на Р. Македонија им овозможува на правните и на физичките лица индиректно учество на примарниот пазар  на државни хартии од вредност. За исплатата на обврските по основа на државни хартии од вредност гарантира Република Македонија.


Државните записи се краткорочни хартии од вредност со рок на достасување до 12 месеци, додека Државните обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на достасување подолг од 1 година. Минималниот износ за поединечно барање изнесува 10.000 МКД. Секое зголемување над минималниот износ се врши со додавање на заокружени износи од 10.000 МКД.


Заради заштита на инвеститорите од валутен ризик (ризик од намалување на вредноста на домашната валута), Министерството за финансии издава државни хартии од вредност со девизна клаузула. Дискрециско право на Министерството за финансии е да одреди дали за продажба ќе понуди државни хартии од вредност со или без девизна клаузула.


Барањата од клиентите на Стопанска банка АД - Скопје се прибираат на пропишани обрасци и се базираат на договор склучен меѓу Стопанска банка АД - Скопје и клиентот. 

 

Обрасци за државни записи:

Овластување за блокирање и за задолжување на сметка

 

Обрасци за државни обврзници:

Овластување за блокирање и за задолжување на сметка

 

Стопанска банка АД - Скопје наплатува провизија во висина од 0,11% од номиналниот износ на државните хартии од вредност за сите рочности, но не помалку од 400,00 МКД. За одбиените понуди на индиректните учесници на аукциите на државни хартии од вредност се наплатува провизија од 250,00 МКД.

На денот на одржување на аукцијата на државни записи, најдоцна до 10 часот, се врши уплата на дисконтираниот износ за купување на записите (номинална вредност намалена за износот на каматата), пресметан врз основа на цената утврдена од каматната стапка по која се купуваат државните записи, зголемен за износот на провизијата.

На денот на одржување на аукцијата на државни обврзници, најдоцна до 10 часот, се врши уплата на номиналниот износ за купување на обврзници, зголемен за износот на провизијата.

 


За подетални информации ве молиме да се обратите се на следниве контакти во Дирекцијата за тргување:

 

Телефони: (02) 3295- 107, (02) 3295- 108 и (02) 3295- 109

Факс: (02) 3226- 866

е-mail: devizen.pazar@stb.com.mk



 

Печати