КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Приливи на девизни средства од странство во корист на физички лица

Исплата на прилив од странство
 

Исплата на прилив од странство во корист на физичко лице се врши во сите филијали на СБ. Девизен прилив може да се добие по налог на банка од друга земја со која СБ има контокорентни односи. При  трансферот на девизните средства се користи  SWIFT мрежата на Стопанска банка АД Скопје која што ја има развиено со повеќе од 820 странски банки.Во SWIFT пораката согласно SWIFT стандардите потребно е да  се содржани сите податоци за корисникот на средствата.
Доколку во дознаката се содржани податоците: име, презиме и број на сметката на корисникот/ИБАН, средствата веднаш се уплатуваат на девизна депозитна сметка . Ако, пак, се наведени само име, презиме и адреса на корисникот, а не е наведена сметка на корисникот во СБ/ИБАН-от,  СБ  испраќа известување до корисникот за пристигнатиот девизен прилив и откако корисникот лично ќе дојде  во најблиската филијала на СБ и ги даде потребните инструкации на СБ, средствата се пренесуваат на девизна депозитна сметка на корисникот. 
Во случај кога правно лице од странство испраќа дознака за физичко лице, од СБ се доставува до корисникот писмено известување за да дојде во најблиската филијалата на СБ и да ги даде сите потребни податоци за распоред на средствата. Притоа, физичкото лице поднесува изјава во СБ за основот на приливот ( пример: трошоци за школување, хонорари, услуги, награди, наследство, добивка продажба на недвижен имот во странство и други намени). По добивањето на потпишана изјава од корисникот, во СБ се пренесуваат средствата на девизна депозитна сметка.
При обработката на девизниот прилив, согласно законската регулатива потребно е доставување на соодветни документи достапни на линкот

Види потребни документи


Реализација
Обработката на девизниот прилив може да се изврши истиот, најдоцна наредниот работен ден кога е датумот на валутата. Исплатата се врши во истата валута на добиениот девизен прилив.


Потребни податоци за дозначување средства од странство
- да е отворена девизна сметка во СБ
- да се дадени точни инструкции на испраќачот од странство за примачот на средствата (име и презиме, адреса, сметка/ИБАН, број на телефон) и број на SWIFT КОД за Стопанска банка, STOBMK2X

 

Провизија
-1% од денарската противвредност минимум МКД 250.00.

Печати