e-com image

 

Прифаќање на картички во трговската мрежа

Овозможете им на вашите клиенти плаќање со картичка на вашите продажни места. Станете дел од современото работење и зголемете ја продажбата овозможувајќи им на вашите клиенти купување со картичка преку ПОС терминали кои ги обезбедува Стопанска банка.

Стопанска банка овозможува прифаќање прифаќање на картички од брендот на VISA / MasterCard / Maestro преку ПОС терминали кои бесплатно ги дава на користење на трговците. Средствата наплатени со платежни картички преку ПОС терминалите на Банката, се пренесуваат на сметката на трговското мресто следниот работен ден. Банката преку e-banking пристапот кој го обезбедува за правните лица – овозможува постојана прегледност и детални извештаи за прометот реализиран преку ПОС терминали за секое одделно продажно место на трговецот.

За повеќе информаци за начинот на добивање на ПОС терминал и прифаќање на картички на продажните места може да се обратите во било која од филијалите на Стопанска банка или во 24/7 Контакт Центарот на 02/3100-109.

Предности на прифаќањето на картичка на продажни места:

Зголемување на продажбата! Со прифаќањето на платежни картички повеќе не зависите од износот на готовина (кеш) што луѓето го носат со себе а кој станува се помал со современите навики на плаќање со картичка.

Плаќањето е брзо, сигурно и едноставно – не зависите од поседувањето ситни новчаници за враќање. Со новата бесконтактна технологија – плаќањата со картички стануваат уште побрзи и поедноставни од било кое плаќање

Го намалувате обемот на готовина во продажните места, намалувајќи го ризикот од грабежи, скапи безбедносни заштити за чување готовината и сл.

Продажните места што прифаќаат картички секогаш уживаат поголема доверба и углед кај купувачите

 

 » Листа на трговци кои прифаќаат картички од Стопанска банка

 

 

МОЖНОСТ ЗА ПРАДАЖБА НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

Овозможете им на клиентите да плаќаат на рати без камата со кредитните картички издадени од Стопанска банка. Оваа ексклузива можност ја имаат трговците кои користат ПОС терминали од Банката, а средствата од продажбата на рати да ги добијат еднократно, во целост, или пак на онолку рати на колку е направена продажбата.

» Листа на трговци кои прифаќаат картички од Стопанска банка без камата

 

МОЖНОСТ ЗА ПРОДАЖБА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ (E-COMMERCE)

Бидете во тек со современите канали на продажба и достапни за клиентите 24/7 со e-commerce сервисот на Стопанска банка. Електронската трговија (e-commerce) ви овозможува да ги отворите вратите на вашиот бизнис кон целиот свет, истовремено намалувајќи ги вашите трошоци во споредба со физичките локации.

E-commerce сервисот на Стопанска банка ги поседува највисоките стандарди и сертификати за безбедност при електронската трговија и користен од најголемите компании во РМ.

Повеќе информации за e-commerce сервисот и можноста за аплицирање тука.

 

МОЖНОСТ ЗА МАРКЕТИНГ СОРАБОТКА

Трговците имаат ексклузивна можност за маркетинг соработа со Стопанска банка, овозможувајќи попусти и предности на различните сегменти на клиенти – корисници на картички издадени од СБ.

Голден Клуб http://goldenclub.stb.com.mk членуваат трговци кои овозможуваат попусти и бенефиции за корисниците на премиум VISA Gold кредитни и дебитни картички издадени од Банката. Доколку продавате ексклузивни производи и услуги, Стопанска банк ви овозможува да ја зголимете вашата продажба станувајќи дел од GoldenClub програмот преку кој Банката бесплатно ја промовира попусти и поволности кон најбогатите 10.000 клиенти во државата – корисници на Visa Gold картичките на Банката.

 

Дел од ТОПСИ (http://www.topsi.mk/) услугите за млади исто така вклучуваат бројни продажни места кои овозможуваат попусти и зделки за ТОПСИ клиентите (18-28 години). Се што е потребно за да го остварат попустот е да покажат MasterCard ТОПСИ дебитна картичка или ТОПСИ ИД картичка.

Доколку продавате производи и услуги наменети за помладата категорија на клиенти (до 28 годишна возраст), Стопанска банка ви овозможува да ја зголемите вашата продажба станувајќи дел од ТОПСИ програмот преку кој Банката бесплатно промовира попусти и поволности кон повеќе 80.000 ТОПСИ клиенти на банката (на возраст до 28 години).

Се што треба да направите доколку сакаде дашата понуда да биде дел од GoldenClub и ТОПСИ програмите на попусти и поволности – потребно е краток опис на вашата понуда/попуст и контакт податоци да испратите на е-маил: kontaktcentar@stb.com.mk , на телефон 02/3100 – 109, или во било која од филијалите на СБ и нашите вработени ќе ве контактираат за проверка и вклучување на понудата во рамките на ТОПСИ програмот. Банката го задржува правото на селекција на понудите кои ќе бидат промовирани преку овие програми според нивната соодветност и релевантност за категоријата на клиенти кои се целна група на овие програми.

Печати