3D_Secure_slika_za_web

Потврди за состојба на сметка

Во филијала на СБ може да се издаде потврда на писмено барање на физичко лице за:
- состојбата на депозитната сметка што тоа лице ја има отворено во СБ
- за обврските што ги има тоа лице кон СБ по разни основи (кредит, тековна трансакциска сметка, депозит, сефови, залози и други основи)

Потврдата се издава само на лицето на кое гласи депозитна сметка, или сметката на која се искажани обврски на тоа лице кон СБ, а се користи според потребите на физичкото лице, во наследна постапка, за добивање виза за патување во странство, при отпис од државјанство и за други негови потреби.

За издавање потврда по барање на физичко лице СБ наплатува провизија согласно тарифата на СБ за надоместоци.

Печати