
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
Платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје
Со платежните картички од Стопанска банка купувајте безгрижно се што ви е потребно каде и да сте - секојдневни артикли, посета на ресторан, авионски билети, одмор итн. Со нашите платежни картички нема потреба да носите готовина.
Стопанска банка АД – Скопје ви нуди да изберете картичка од најреномираните брендови VISA и MasterCard секоја со уникатни карактеристики.
Со платежните картички од Стопанска банка имате пристап до вашите сметки 24 часа, 7 дена во неделата и потполна слобода во секој миг, каде и да сте. Истовремено сте и посигурни отколку кога носите пари со себе.
· Купување во милиони трговски локации во земјата и во странство без провизија, во повеќе од 170 земји во светот.
· Со интернационалните картички можете да подигнете готовина во валутата важечка во земјата на подигање, на над милион банкомати низ целиот свет. Подигањето на готовина со дебитните картички е без провизија на шалтерите и банкоматите на Банката.
· За зголемена безбедност, картичките на Банката се издаваат со најсовремена чип технологија.