3D_Secure_slika_za_web

Отворање на паричен депозит

Во СБ се отвора паричен депозит по утврдување на идентитетот на лицето кое пристапува за отворање на паричен депозит, врз основа на:

 

1) за резиденти
- поднесена лична исправа (лична карта, пасош, возачка дозвола и лична карта за странско физичко лице издадена од Република Македонија) чие важење не е истечено

2) за нерезиденти
- патна исправа во оригинал, заверен препис, или заверена фотокопија

3) за припадници на мировните мисии во Република Македонија, меѓународните и хуманитарните организации и слични организации
- легитимација издадена од соодветна организација, која содржи фотографија на лицето

4) за физички лица кои имаат двоен статус, односно кои во исто време поседуваат документ за постојан престој во Република Македонија и документ за постојан престој во странство
- документ за идентификација за резидент или за нерезидент

5) за бегалци и раселени лица од други земји во Република Македонија
- картица за пријавено престојувалиште издадена од МВР

 

 

Барање за отворање на паричен депозит се искажува:

- усно пред надлежен работник на СБ, или
- во отсуство на комитентот, со поднесување на писмено барање своерачно потпишано и заверено кај нотар, суд, или дипломатско конзуларно претставништво, или друг надлежен орган, кон кое е приложена копија од документ за идентификација со фотографија и се наведени сите податоци неопходни за регистрација на комитент и за отворање на сметка


За отворање на депозит на малолетно лице (до навршување полнолетност од 18 години) барањето го искажува законскиот застапник или друго лице.


 

За секој отворен депозит СБ на комитентот му издава:

- договор
- штедна книшка ,ако паричниот депозит се отвора како штеден влог
- пластифицирана картица, ако паричниот депозит се отвора како денарска, или девизна тековна трансакциска сметка, или тековна трансакциска сметка на физичко лице - пензионер

Печати