3D_Secure_slika_za_web

Осигурување на депозити на физички лица

Депозитите на физичките лица во Стопанска банка АД Скопје се осигурени во Фондот за осигурување на депозитите на РМ.

Согласно законот за Фондот за осигурување на депозитите (сл. весник бр.63/2000, 29/2002, 43/2002, 49/2003, 81/2008 и 158/2010), банките ги осигуруваат депозитите на физичките лица во фондот за осигурување, а фондот врши соодветно обесштетување на депозитите.
 
Притоа под депозити се подразбираат следните категории:

· денарски и девизни депозити

· трансакциските сметки

· депозитите врзани за парични картички

· девизните приливи на физичките лица

Согласно најновите измени на законот за Фондот за осигурување на депозитите, Фондот врши обесштетување на осигурените депозити со износ до 30.000еур во денарска противвредност по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на укинување на дозволата за работење на банката. Законот стапува на сила на 17.12.2010 година.

Обесштетувањето  на  депозитите се  врши во денари.

Печати