КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Карактеристики на девизен депозит орочен на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци и повеќе

 

орочени депозити во девизи

Опис на производот

Орочени депозити во девизи со месечна исплата на камата.

Придобивки за клиентот

  • Можност за избор на повеќе рочности за орочување
  • Можност за располагање со каматата на месечна основа 
  • Атрактивни каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
  • Сигурна и стабилна банка, од доверба
  • Увид во состојбата преку e-банкарство

 

Валута

EUR ; USD ; CHF; AUD ; CAD ; GBP; DKK ; JPY; NOK и SEК

Рочност

- Орочен депозит на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци и повеќе.

- Можност за орочување на рок подолг од 60 месеци согласно потребите на клиентот.

Минимален износ на вложување

- за орочени девизни депозити на 1, 3 и 6 месеци
EUR – 500; USD – 500; CHF – 800; AUD – 1.000; CAD – 1.000 и GBP – 300
- за орочени девизни депозити на 12, 24, 36, 48 и на 60 месеци:
EUR – 250; USD – 250; CHF – 400; AUD – 500; CAD – 500; GBP – 150; DKK – 2.000; JPY -35.000; NOK – 2.000; SEK – 2.000

Категорија клиенти Физички лица резиденти или нерезиденти
Каматни стапки Актуелните каматни стапки се приложени на следниов линк.  


 Каматните стапки се истакнати на годишно ниво и се променливи.

Пресметка и исплата на камата

Се пресметува месечно од денот на уплатата / преорочувањето до денот на истекот на рокот за орочување, со примена на променлива каматна стапка утврдена со Одлука на СБ. Каматата се исплаќа месечно, на календарскиот ден на кој е орочен депозитот. Каматата се пренесува на сметка по видување која ја одредил комитентот.

Политика на преорочување

 

Депозитот (главницата) по автоматизам се преорочува под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.

Политика на предвремено разорочување


Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот, при што за корегираниот износ на камата се намалува депозитот.

Овластување на депозитот

Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на сметката клиентот добива:

- Договор за депозитот и
- Штедна книшка преку која се следат промените на сметката за депозитот

Печати