27.02.2012

 

Стопанска банка традиционално присутна на Струмичкиот карневал

 

На најновото издание на Струмичкиот карневал продефилираа над 2000 групни и индивидуални маски додека жителите на Струмица и бројните гости во знак на поддршка на карневалот маскирани го следеа свеченото дефиле. За збогатување на настанот, Стопанска банка АД - Скопје изработи и подели неколку илјади хартиени маски а за најмладите овозможи и уникатен face paint кој на огромно задоволство успеа да ги претвори децата во пеперутки, кловнови и супер херои.


Традиционално Стопанска банка АД - Скопје е покровител на Струмичкиот карневал со што го поттикнува континуитетот на оваа значајна културна манифестација која Струмица и Македонија ги прославува во светот. Заедно создаваме вредности кои денес значат богата културна програма а во иднина ќе значат богато културно наследство.


Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна