24.11.2011г.

 

Донација од Стопанска банка АД - Скопје за Институтот по белодробни заболувања кај децата - Козле

 

Во рамки на заложбите Стопанска банка АД – Скопје да биде компанија која темелно ги применува принципите на општествена одговорност, Банката препознава проекти кои ќе имаат трајна вредност и ќе создадат позитивен напредок, посебно во здравствените институции. Оттаму, со цел да придонесе во обновувањето на опремата со која располага Институтот по белодробни заболувања кај децата - Козле, Банката одобри донација на “LF-DP” флексибилен фибер ендоскоп за бронхоскопија од марката Olympus.
 

Станува збор за бронхоскоп кој овозможуваат визуелизација на дишните патишта и кај најмалите деца. Со можностите кои ги нудат овие апарати се постигнува брзо и точно утврдување на здравствените проблеми кај децата, и се овозможува нивно ефикасно решавање. Оваа врвна технологија е особено корисна во превентивната заштита, и благодарение на донацијата, единствено е достапна во нашиот институт кој опслужува пациенти од цела Македонија.”, изјави директорот на Институтот Козле, Д-р Оливер Зафировски.
 

Нашата долгогодишна соработка со Институтот Козле како корпоративен клиент на Банката ни овозможува постојано да сме во тек со нивните потреби за опрема и поддршка во секој поглед. Во таа насока Банката ја подготви оваа донација на опрема, а за децата дополнително подаривме и постелнина и ќебиња кои ќе им обезбедат чувство на домашна атмосфера додека престојуваат во Институтот." – изјави Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка АД - Скопје, г. Глигор Бишев.
 

Стопанска банка во континуитет дава поддршка на проекти кои се поврзани со правилниот и здрав развој на децата во Македонија. Посебно сме горди со проектите реализирани во Детскиот Креативен центар во Скопје, Домот за доенчиња во Битола, ЗОО Скопје и денешната донација во Институтот Козле со кои се опфатени едукативни, здравствени и еколошки теми кои се основа за подобар развој на најмладите.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна