12.07.2013г.

 

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на „Охридско лето 2013“


Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на „Охридско лето 2013“, кое по 53-ти пат се одржува во нашата земја. Најголемата летна културна манифестација ќе трае во периодот од 12.07.2013 до 20.08.2013 во кој период се предвидени 40 фестивалски денови, со богата и квалитетна програма исполнета со музика, драма, танц и опера.  Се очекуваат повеќе од 840 уметници од Русија, Словенија, Германија, Италија, Турција, Бразил, Полска, Хрватска, Литванија, Унгарија, Канада, Албанија, Шведска, САД, Украина, Ерменија, Франција, Велика Британија, Кина, Аргентина, Србија. Годинешното издание свечено ќе го отвори светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија - Дмитри Хворостовски на 12.07.2013 (петок) во Античкиот театар во Охрид.

„Стопанска банка традиционално 10 години по ред, ја поддржува најголемата музичко - сценска манифестација Охридско Лето. Голема чест ни причинува фактот што сме дел од 53-тото издание на фестивалот, кој сите овие години на едно место ги обединува врвните имиња од македонската и светската уметничка елита, како и сите останати љубители на уметноста. Се надеваме дека оваа реномирана меѓународна манифестација ќе продолжи да се одржува уште многу години, и дека Охрид и Македонија ќе останат позиционирани на мапата на елитната светска уметничка сцена “ – изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД - Скопје.

Стопанска банка АД Скопје уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста во државата. Поради тоа, Банката ги повикува граѓаните и клиентите да го посетат фестивалот Охридско лето кој и оваа година нуди богата и разновидна програма.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

Програмата за фестивалот Охридско лето 2013 може да ја погледнете тука.