Шарпланински куп 2011

 

Почитувани клиенти,

Стопанска банка традиционално и оваа година го поддржува еден од најзначајните спортски настани во Македонија - меѓународната скијачка манифестација „Шарпланински куп“. Овој куп претставува многу важен симбол за Македонија и по 38-ми пат ќе се одржи на Попова Шапка, од 25 - 27 февруари 2011.

Предводени од високите вредности на ваквите манифестации, како и значењето на спортот во едно општество, Стопанска банка АД – Скопје го дава и својот придонес и поддршка на Шарпланинскиот куп со спонзорството и присуството на свои претставници на отворањето и целокупниот настан.

Стопанска банка уште еднаш потврдува дека секогаш се залага и ги поддржува вистинските вредности во земјата. 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна