29.11.2017

 

Оглас за продажба на имот

 

О Г Л А С

(Реф бр. 19-11/2017)

 

Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на :

  1. Административно-деловен простор во Струга кој се наоѓа на ул. Маршал Тито бр.54, лоциран на КП 1710 дел 7, кат 1, за КО Струга со вкупна површина од 256м2, за минимална почетна цена од 190.800 ЕУР;
  2. Објекти во Охрид (во комплексот од живинарската фарма Гица) што се наогаат на ул.Железничка, лоцирани на КП 8778/10 за КО Охрид 2 и тоа: зграда 2, намена на зграда Б4, влез 1, кат ПР, намена на дел ДП, површина 368 м2 и зграда 3, намена на зграда Б4,  влез 1, кат ПР, намена на дел ДП, површина 121 м2 за минимална почетна цена од 155.000 ЕУР; 
  3. Недвижен имот лоциран во Виница со вкупна површина од 2.796 м2, запишан во ИЛ 7958 и ИЛ 7959 за КО Виница за минимална почетна цена од 150.000 ЕУР. 

 

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на лицитација со прибирање на затворени писмени понуди.

Во купопродажната цена за недвижниот имот не е вклучен ДДВ од 18%, кој паѓа на товар на купувачот.

Данокот на промет на недвижности и трошоците околу преносот на правото на сопственост паѓаат на товар на  купувачот.

 

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество на  лицитацијата, треба да достават две поединечно затворени пликоа, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:

-          Името и адресата на понудувачот и контакт телефон, 

-          Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),

-          Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација,

-          Редниот број на имотот за кој се однесува понудата. 

  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:

-          цената која се нуди за купување на недвижноста;

-          согласност за плаќање на ДДВ од 18%;

-          согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

 Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат депозит за учество на лицитација на жиро-сметка на Банката 200000000099029-МКД113660111 во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот под реден број 1 и 2 и 5% од минималната/почетна цена за имотот под реден број 3.  

          Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

         Стопанска банка АД – Скопје ќе преговара со најповолниот понудувач за останатите услови за купопродажба на имотот под реден бр 1.

         Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

         Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе бидат договорени и останатите услови за купопродажба на имотот и ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

           Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР, пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.       

          Рокот за доставување на понудите е до 06.12.2017 година.

           Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280 

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна