31.10.2017

 

Известување за воведување на надоместок за повлекување на готовина од шалтер

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје од 20.11.2017 година воведува надоместок за повлекување на готовина во МКД од шалтерите на СБ, во висина од 20,00 денари по поединечно повлекување на готовина од страна на клиентот без оглед на висината на подигнатиот износ.

 

Повлекување на готовина од распространетата мрежа на банкомати на Банката останува без провизија за корисниците на дебитни картички а на клиентите на располагање им се и 24/7 i-bank услугите за кои Банката постојано развива нови решенија и функционалности.

 

За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната тука.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна