01.10.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје додели награда на манифестацијата „Ноќ на истражувачи“ 2012

На 28.09.2012 (петок), Стопанска банка АД - Скопје како дел од Европската манифестација „Ноќ на истражувачи“ 2012 додели награда за Кристина Јакимовска за најдобар научно-истражувачки постер. Манифестацијата се одржа на плоштадот Македонија и е дел од програмата „Марија Кири“ која се организира ширум Европа веќе шеста година со годишни вложувања од над 800 милиони евра.Самата Ноќ на истражувачи се одржува четвртиот петок во септември во над 300 градови ширум Европа. На тој ден низ цела Европа се организираат интересни и забавни настани и активности преку кои се покажува колку е возбудлива науката и колку е присутна во секојдневниот живот.

Стопанска банка АД - Скопје во својата определба како општествено одговорен граѓанин на ова општество секогаш подржува научно-истражувачки проекти и е на страната на образованието и научната дејност.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна