Mаестро Борис Трајанов и УНЕСКО-в амбасадор на мирот го прослави својот 25-ти јубилеј од почетокот на кариерата

 

На 16.02.2011 година, најдобриот македонски баритон, маестро Борис Трајанов и УНЕСКО-в амбасадор на мирот го прослави својот 25-ти јубилеј од почетокот на кариерата со гала настап кој се одржа во Македонската опера и балет – Скопје.

Стопанска банка АД – Скопје како еден од почитувачите на работата и делото на маестро Борис Трајанов обезбеди поддршка на настанот во форма на донација за организаторот. Маестро Трајанов на публиката и се претстави со најпознатите улоги кои ги играл во богатата кариера како клучните баритонски сцени од оперите Паљачи и Набуко.

Вистинските амбасадори на македонија ја заслужуваат поддршката на граѓаните, но пред се и на корпоративните граѓани како Стопанска банка АД - Скопје, затоа сме посебно горди што ни беше овозможена оваа прилика да излеземе во пресрет на обележувањето на значајниот јубилеј. На Маестро Борис Трајанов му посакуваме уште многу години богата кариера. 

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна