КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

НЕРЕЗИДЕНТНИ СМЕТКИ

ПРОЦЕДУРА ЗА ОТВАРАЊЕ НА НЕРЕЗИДЕНТНИ СМЕТКИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Сите физички лица кои престојуваат во Република Македонија можат да отворат сметка на сите шалтери, во сите филијали на Стопанска банка АД - Скопје во речиси сите градови низ Македонија.

Процедурата е максимално поедноставена - сметката се отвара веднаш, со задолжително присуство на физичкото лице.

 

Клиент странско физичко лице – нерезидент се идентификува со поднесување на:

     -    важечки документ за идентификација, пасош, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава.\

     -    важечка лична карта ако лицето доаѓа од држава-членка на Европска Унија или држава со која Република Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете држави (Србија, Албанија, Црна Гора и Косово)

Во случај кога во презентираниот документ за идентификација  не е содржан некој потребен податок, СБ може да побара друга јавна исправа или заверена изјава кај нотар од клиентот за бараниот податок  и  негова точност.
 

Клиентот во СБ  пополнува:


- Апликација за идентификација  / ажурирање на клиент физичко лице

- Изјава за запознавање со прописите во Република Македонија, според кои клиентот се идентификувал со статус како нерезидент во СБ

- Договор за отворање на трансакциска сметка / ID број на нерезидент физичко лице



Со сметката може да управува лицето кое ја отворило сметката, или од него овластено лице кое има депонирано свој потпис.

 

Лице овластено за работа со сметките на нерезидентот физичко лице, се идентификува со сопствен важечки  документ за идентификација соодветен на статусот на клиентот и писмено овластување потпишано од сопственикот на сметката, во оригинал  или заверена копија кај нотар/ овластена институција во домицилната држава.

    • Стопанска банка овозможува трансфер по налог на нерезидент во девизи и во денари.

    • On-line системот овозможува трансферот на средства во корист на комитенти на СБ , (резиденти и нерезиденти) да се извршува во моментот на пристигнувањето на налогот од нерезидентот.

    • Трансфер на средства без никакви ограничувања.

    • Уплати и исплати во ефектива согласно законските прописи во земјата, и тоа:
        - Уплата  на  ефективни странски пари  на сметка на нерезидент во износ до 10.000 ЕУР во текот на еден месец, а над тој  износ со приложување на писмена потврда за внесени  ефективни странски пари издадена од Царинска управа на Република Македонија, која гласи на име на уплатувачот и е со важност од 5 работни дена
       - Уплата на ефективни странски пари  на сметка на нерезидент кои претставуваат непотрошени ефективни странски пари  претходно  повлечени од  сметката на нерезидентот
       - Уплата на ефективни денари на  денарска сметка на нерезидент  не е дозволена, освен непотрошени ефективни денари  претходно  повлечени од   денарските сметки на нерезидентот
       - Исплата  на ефективни странски пари и ефективни денари  без ограничувања
 
 

Ажурирањето на податоците за лична идентификација на клиентите (податоците и документи за клиент физичко лице) се врши на редовна основа, најмалку еднаш на секои две години и веднаш по истекот на важноста на документот за лична идентификација.
 

По истекот на рокот на важење на документот за идентификација сметката на клиентот се блокира, при што е оневозможено вршење промет, уплати и исплати од сметката на нерезидентот, се до ажурирање на документот за идентификација, односно по доставување на важечки пасош.

 

НЕАКТИВНИ СМЕТКИ


Согласно законска регулатива трансакциските денарски сметки на клиентите на кои нема салдо и промет во последните две години се третираат како неактивни и Банката има обврска истите да ги затвори и да го извести клиентот.

Печати