e-com image

СМЕТКИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

 

ПРОЦЕДУРА ЗА ОТВOРАЊЕ НЕРЕЗИДЕНТНИ СМЕТКИ НА ПРАВНИ ЛИЦА
(фирми, дипломатски и конзуларни претставништва, невладини организации и др.)

 


Questionnaire for expressing intent for establishing business relation with Stopanska banka

 

Странски правни лица во Република Македонија можат да отворат сметка во сите филијaли на Стопанска банка а.д. - Скопје.
Сметката на странско правно лице во филијала Скопје може да се отвори на следнава адреса: 

Експозитура ГТЦ приземје, ул. „11 Октомври“ бр. 7 
Kонтакт-лица за филијала Скопје 
Билјана Сретеноска
тел . (02) 3295-435
факс : (02) 3295-141 
e-пошта: biljana.sretenoska@stb.com.mk  

 

ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ПОТВРДУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА КЛИЕНТОТ

 


Потребни документи за отворање сметка за нерезидент правно лице се следниве:

- Писмено барање за отворање на сметката и за располагање со средствата на сметката, потпишано од  законскиот застапник на правното лице, во оригинал.

-  Апликација за идентификација / ажурирање клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци, вклучувајќи го и крајниот сопственик  во оригинал (во прилог) и копија од документ за идентификација ( лична карта или пасош) на краен сопственик.

 - Документ за регистрација на правното лице издаден од надлежен орган, извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во државата во која е регистриран субјектот не постар од 3 месеци, од кој може да се утврди законскиот застапник, датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста што ја врши, управители, сопствениците, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава.

-  Картон за овластени потписи (во прилог)

-  За нерезидент правно лице - дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација - документ издаден од Министерство за надворешни работи на Република Македонија или извод од Централниот регистар на Република Македонија, како и полномоштво на одговорното лице во претставништвото, во оригинал или копија заверена кај нотар.


Договор за отворање трансакциска сметка  / ИД број за правно лице нерезидент

 

Доколку од документот за регистрација не можат да се утврдат потребните податоци за нерезидентот (седиште, сопственици, управители, дејност, крајни корисници, даночен број- доколку нерезидентот има таков, итн.), СБ може да побара дополнителни документи, како што се Статут, изјава, документ, препорака од друга банка или друг акт за основање, во оригинал или копија заверена кај нотар.  

 

Наведените документи се доставуваат во оригинал на македонски јазик, преведени од овластен преведувач.

Идентитетот на застапникот по закон и на лицата овластени за располагање со средствата на сметката на правното лице нерезидент се утврдува врз основа на следниве документи:

   - важечки документ за идентификација (важечка лична карта или пасош со адреса на живеење)

   - информација / изјава дали правното лице нерезидент има акции / удели на доносител

  -  апликација за идентификација  / ажурирање клиент физичко лице  пополнета целосно во сите задолжителни полиња


РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВАТА НА СМЕТКИТЕ НА НЕРЕЗИДЕНТОТ ПРАВНО ЛИЦЕ


    • Стопанска банка овозможува трансфер по налог на нерезидент во девизи и во денари.


    • Трансфер на средства без никакви ограничувања.


    • Уплати и исплати во ефектива во согласност со законските прописи во земјата, и тоа: 
        - Уплата  на  ефективни странски пари на сметка на нерезидент до износот до 9.999 ЕУР во текот на еден месец, а над тој  износ со приложување писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на Република Македонија, која гласи на име на уплатувачот правно лице и е со важност од 5 работни дена, од датумот на нејзиното издавање а може да се употреби повеќе пати. (Ограничувањето за уплата на ефективни странски пари не се однесува на претставништва на странски земји и на меѓународни организации)

      - Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент, кои претставуваат непотрошени ефективни странски пари претходно повлечени од сметката на нерезидентот

      - Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент  авиокомпанија по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување документ за вршење дејност на авиокомпанија во РМ.

     - Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување склучен договор со авиокомпанија за преземање ефектива.


     - Уплата на ефективни денари само по основа на продажба на авиобилети и непотрошени ефективни денари претходно повлечени од  денарските сметки на нерезидентот, во било која банка во Македонија, во период од три месеци од денот на повлекувањето. За уплата на овие средства, нерезидентот задолжително треба да достави писмено барање и копија од налогот со кој се повлечени ефективните странски пари.

     - Врз основа на писмено барање за уплата на ефектива во денари на сметка на нерезидент, без презентација на дополнителни документи, дозволена е уплата на ефективни денари на денарска сметка на нерезидент до мкд 120.000 месечно.

 
     - Уплата на ефективни денари на сметка на нерезидент авиокомпанија по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување документ за вршење дејност на авиокомпанија во РМ .

     - Уплата на ефективни денари на сметка на нерезидент по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување склучен договор со авиокомпанија за преземање ефектива.


     - Исплата на ефективни странски пари и ефективни денари без ограничувања

 

 

АЖУРИРАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА

 


Во согласност со одлуката за начинот и за условите за отворање и за водење сметки на нерезиденти, документите за идентификација и за регистрација на клиентите нерезиденти правни лица задолжително се ажурираат најмалку еднаш во текот на една година, со презентација на извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од три месеци, од кој ќе може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање.
Доколку клиентот нерезидент правно лице по истекот на една година не ја обезбеди потребната документација за ажурирање, како и доколку на сметките  во банката нема промет повеќе од две години, банката постапува во согласност со важечката регулатива, која во моментот предвидува блокада на сметките.

Ажурирањето на документацијата во согласност со одлуката не се однесува на нерезидент правно лице – дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација, како и на странските банки со кои домашните банки имаат воспоставено коресподентски односи.

Нерезидентите правни лица со статус на државни компании, ажурирањето на документацијата за идентификација на клиент може да го направат и со документ заверен од матичната амбасада во РМ, со кое се потврдува дека клиентот има статус на државна компанија и дека работи во континуитет од претходното ажурирање на сметките

 

НЕАКТИВНИ СМЕТКИ

 

Во согласност со законската регулатива, трансакциските денарски сметки на клиентите на кои нема салдо и промет во последните две години се третираат како неактивни и Банката има обврска да ги затвори и да го извести клиентот

Печати