КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

e-com image

НАЧИН НА РАБОТА СО СМЕТКА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕНАРСКИ ПЛАТЕН ПРОМЕТ

 

· Банката извршува плаќање од сметката на клиентот до висина на покритието на сметката. Под покритие се подразбира состојба на сметката за вршење домашен платен промет во моментот на извршување на плаќањето намалена за за висината на провизијата согласно видот на услугата

· Содржината на платниот инструмент (налог ) кој го доставува клиентот треба да биде јасен, читлив и прецизен

· Клиентот има право да доставува налози кај Банката со датум на извршување подоцна од датумот на доставување на налози. Банката ги прима налозите и ги извршува на денот на валутата на извршувањето, доколку сметката на чиј товар се издава налогот има покритие. За доставените налози кои не се извршени поради недостиг на средства или други причини, Банката го известува клиентот преку дневниот извод

· Клиентот има право да назначува приоритети на налозите доколку сметката нема покритие за извршување на сите налози

· Платните налози се извршуваат во согласност со терминскиот план за работа утврден од СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

· Се нудат неколку можности за доставување на платните налози:
-на хартија, со физичко доставување на налозите
-преку електронско банкарство, е-Банк сервис, со највисок степен на заштита

· За физичко доставување на налозите клиентот има можност да ги одбере сите приемни места на кои Банката ќе прима налози за вршење на платен промет

· Извештаите кои произлегуваат од промените на работа со сметката за вршење на домашен платен промет клиентот има можност да одбере да ги добива:
-на шалтер на Банката

- Преку e-banking сервисот на СБ



· За услугите во платниот промет Банката наплатува провизија со задолжување на сметката на клиентот на дневна основа, во висина согласно видот на услугите од важечката тарифа на надоместоци на банката

· На средствата на сметката за вршење на домашен платен промет банката пресметува и плаќа камата по каматна стапка предвидена со Одлуката на каматни стапки на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ. Пресметувањето на каматата се врши на дневните промени, а припишувањето и плаќањето на каматата се врши месечно.

Печати