КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

МОЈ ПЛАН - Орочен депозит

 

МОЈ ПЛАН

Опис на производот

Штеден план е орочен депозит што овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување.

Дополнителни предности

  • НЕОГРАНИЧЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ВЛОЖУВАЊА
  • Избор на начинот на исплата на каматата: месечно или на крај на период
  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
  • Увид во состојбата преку e-банкарство

Валута на вложување

Евра или денари

Минимален износ на вложување

100 ЕУР или 6.000 МКД

Минималниот износ е ограничен само при отворањето на депозитот, односно првото орочување. За дополнителните вложувања нема ограничување на износот

Период на орочување

Орочен депозит на 12, 24, 36, 48 и 60 месеци

Категорија на клиенти Физички лица резиденти или нерезиденти
Начин на исплата на камата Начинот на исплата на камата е избор на клиентот во моментот на орочувањето на депозитот:
  • На крај на период
  • Секој месец

Каматни стапки 

 

Актуелните каматни стапки се приложени на следниов линк  


Каматните стапки се истакнати на годишно ниво и се променливи. 

Каматните стапки за приматели на плата и на пензија во СБ се применуваат за сите нови орочени и преорочени МОЈ ПЛАН депозити по 1.1.2014 година

Начин на пресметка на камата

Кога каматата се исплаќа на крај на период
Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на периодот на орочување и се префрла на друга сметка преку која се располага со исплатената камата

Кога каматата се исплаќа месечно
Пресметката на каматата се врши месечно и се префрла на друга сметка за располагање.
Во овој случај клиентот располага со каматата месечно т.е. истиот ден по денот на пресметка на каматата за конкретниот месец

Политика на преорочување

 

Депозитот (главнината) по автоматизам се преорочува под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот
Дополнителни вложувања Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот
Политика на предвремено разорочување

Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот, додека пак за депозитите со месечна исплата на камата за корегираниот износ на камата се намалува депозитот.

 

Овластување

Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во кој било период

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на сметката клиентот добива:

- Договор за депозитот и
- Штедна книшка преку која се следат промените на сметката за депозитот

Печати