КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

МЕНУВАЧКО РАБОТЕЊЕ


Во Република Македонија менувачки работи можат да вршат банки, штедилници, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште во Република Македонија кои се регистрирани за вршење на менувачки работи и кои добиле дозвола од НБРМ за вршење на менувачки работи согласно одлуката на НБРМ за условите и начинот на добивање на дозвола и вршење на менувачки работи (Сл. весник 127/2012).

Менувачкото работење во СБ се врши на сите шалтери во филијали те. каде е истакната налепница издадена од НБРМ со натпис: “менувачницата ги исполнува условите за менувачко работење”.

Во менувачкото работење во СБ се вршат следните работи:

    - домашните физички лица (резиденти) и странските физички лица (нерезиденти) можат да и продадат на СБ ефективни странски пари и чекови деноминирани и исплативи во странска валута
    - домашните странски лица можат да купат ефективни странски пари
    - странските физички лица можат да извршат реоткуп на ефективни странски пари за износот на непотрошените денари, што претходно ги добиле при продажбата на ефективните странски пари на СБ.

Во менувачкото работење во СБ физичките лица продаваат и купуваат ефективни странски пари и продаваат чекови деноминирани и исплативи во странска валута, ако гласат во валутите: EUR, USD, JPY, GBP, CHF, AUD, CAD, DKK, NOK, SEK со примена на курсеви кои се утврдени во курсната листа на СБ за менувачко работење.

Во вршењето на менувачки работи физичкото лице приложува документ за идентификација:

    -лична карта или патна исправа, за домашно физичко лице
    -патна исправа, за странско физичко лице

За извршената менувачка работа СБ на физичкото лице му издава потврда.

Во менувачкото работење СБ наплатува провизија согласно тарифата на СБ за надоместоци.

Печати