#КупувајОпуштено

 

Почнувајќи од 01.06.2015 г. па се до крајот на декември 2015 година, Стопанска банка организира ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА во насока на поттикнување на користењето на картичките за интернет плаќања (e-commerce плаќања со употреба на картичките). Во продолжение ви ги претставуваме карактеристиките на наградната игра:
 

Период на траење: 01 Јуни  - 31 Декември 2015
 

Кој може да учествува?

 Секој корисник на било која Visa или MasterCard картичка издадена од Стопанска банка
 

Критериуми за учество во Наградната Игра

Секоја онлајн (e-commerce) трансакција направена на било кој интернет сајт со било која Visa или MasterCard картичка издадена од Стопанска банка обезбедува по едно учество во месечното извлекување на наградната игра (за месецот во кој е направена трансакцијата). Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за учество во наградната игра

 

Месечни награди за корисниците

Секој месец, Стопанска банка ги наградува корисниците на Visa/MasterCard картички издадени од банката. Секој месец, Банката ќе доделува по 100.000 денари распределени на 5 добитници и тоа:

  • Една парична награда од 60.000 денари (главна награда), секој месец до крајот на годината
  • Четири парични награди од по 10.000 денари, секој месец до крајот на годината

 

Секоја недела подароци за корисниците преку Facebook, Instagram и Twitter  

Неделно, преку социјалните мрежи ќе бидат доделувани бројни подароци за корисниците кои ќе учествуваат во квизовите, предизвиците и ќе и дадат поддршка на #КупувајОпуштено кампањата. Правилата за учество се достапни на овој линк.


Не пропуштајте да ги следите дневните објави поврзани со користењето на картичките на Стопанска банка на интернет и вклучувајќи се во споделувања, коментари и одговори на поставените прашања може да станете потенцијален добитник на бројните неделни подароци и изненадувања до крајот на 2015 година. 
 

 

Користење на картичките за онлајн плаќања на режиски сметки и трошоци: 

Покрај вообичаеното користење на картичките за купувања на различни производи и услуги од интернет, особено популарни во нашата земја се плаќањата на режиските трошоци и тоа:

 

Уживајте во опуштеноста на вашето секојдневие користејќи ги картичките на Стопанска банка за интернет плаќања кога сакате и од каде сакате. Купувајте слободно на интернет со сите Visa и MasterCard картички на Стопанска банка со што станувате потенцијален добитник на бројните месечни награди до крајот на 2015 година.
 

Комплетниот документ со правилата за учество на наградната игра, достапни се на следниот линк.

Печати