e-com image

КРЕДИТИ, ГАРАНЦИИ И АКРЕДИТИВИ ЗА СРЕДНИ И ГОЛЕМИ КОМПАНИИ

 

Краткорочен кредит

Директно финансирање по најповолни услови.
Краткорочниот кредит може да се одобри како посебен кредит или да биде вклучен во рамковниот лимит.

Карактеристики

   › Намена
        - За обртни средства

   › Рок на важење
        - До 12 месеци

   › Валута
        - долари, евра, САД долари или друга валута.

 

Гаранции

На барање на своите клиенти Стопанска банка ги издава сите видови на гаранции во земјата и странство, како: Чинидбени гаранции (лицитациони, гаранции за добро извршување, гаранции за добро извршување во гарантен период, за враќање на гарантен депозит, авансни и др.), Платежни гаранции (по финансиски и комерцијални кредити, за други плаќања, за обезбедување долг во царинска постапка), контра гаранции, итн...

Со издавањето на гаранции согласно вашите потреби, банката станува гарант за успешноста на вашето работење.

 

Акредитиви

Банката на барање на своите клиенти отвора акредитиви за плаќање во странство, како еден од најсигурните и најчесто употребувани инструменти во платниот промет со странство.

Банката авизира примени извозни акредитиви на корисници во земјата и странство и врши пренос на примените извозни акредитиви на втор корисник по налог на посредникот.

Бидете сигурни дека ќе го платите тоа што сте го порачале, бидете сигурни дека ќе го наплатите извезеното...

 

Рамковен лимит

 

Ако сакате брзо и флексибилно финансирање кое ќе одговара на вашите финансиски потреби тогаш овој производ е идеален за вас. Рамковниот лимит се издава до одреден износ т.н. лимит и за одреден временски период. Во рамките на овој производ може да користите: краткорочни кредити, гаранции или акредитиви.

Карактеристики

   › Намена
        - Подршка на тековното работење, кредити, гаранции и акредитиви.

   › Рок на враќање
        - На револвинг принцип или со претходно договорена динамика на враќање за поединечните кредити.

   › Валута
        - долари, евра, САД долари или друга валута.

 

Долгорочен или инвестиционен кредит

Доколку сакате директно финансирање по најповолни услови за период подолг од 12 месеци тогаш треба да се одлучите за овој производ.
Во случај на инвестиционен кредит потребно е да доставите и инвестициона програма (бизнис план) заедно со потребната документација.

Карактеристики

   › Намена
        - Купување на опрема, изградба на објекти, финансирање на посебни проекти или репрограмирање на вашиот долг.

   › Рок на враќање
        - Со претходно определени еднакви рати на отплата (месечни, тромесечни или полугодишни) и можност за користење на грејс период.

   › Валута
        - долари, евра, САД долари или друга валута.

 

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВТОМОБИЛСКИ БИЗНИС КРЕДИТ 

Компаративни предности

•  Автомобислки бизнис кредит на Стопанска банка
•  Флексибилен кредит за правни лица
•  Едноставна постапка за одобрување на кредитот
•  Поволни каматни стапки

Намена на кредитот

Купување на нови службени возила

Износ Зависно од потребите и финансиската состојба на клиентот
Валута •  Денарски кредит
•  Денарски со девизна клаузула
Период на отплата

До 7 години

Грејс период Нема, освен во исклучителни случаи по договор со клиентот
Обезбедување

Залог на возило осигурано со КАСКО осигурителна полиса

Отплата

Месечни ануитети

Каматни стапки 
годишни
Валута/Обезбедување
10-30% учество
Над 30% учество
ЕУР
9.25%
8.75%
МКД Каматна стапка на благајнички записи + 4% Каматна стапка на благајнички записи + 4%

СБ согласно важечката регулатива редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите и преку јавните медимуи

(» годишни стапки на вкупните трошоци)
Трошоци

•  600 МКД провизија за аплицирање
•  2% од одобрениот износ на кредит, еднократна провизија за управување

Критериуми за кредит

•  Проценка на кредитната способност според официјалните биланси на компанијата
•  Постоење и работење на компанијата најмалку 12 месеци
•  Оценка на кредитната способност врз основа на кредитна анализа направена од страна на кредитен референт од СБ

Потребни документи

•  Тековна состојба на правното лице од Централен Регистар на РМ
•  Картон со Заверени Потписници ( ЗП Образец )
•  Копија од лична карта на управител
•  Финансиски извештаи за последни 3 години 
•  Барање за кредит
•  Потврда дека над компанијата не е отпочната стечајна постапка ( Централен Регистар на РМ )
•  Потврда дека возилото не е веќе ставено под залог ( Заложен Регистар на РМ )

 

Печати