ГАРАНЦИИ

Ностро гаранции

Опис на производот

Во банкарските операции, банкарската гаранција претставува правна работа со која банката (како гарант) на барање на компанијата (како налогодавач) и согласно неговите пишани инструкции, издава документ (гаранција) на трета страна (како корисник на гаранцијата).

Девизните гаранциите на барање на клиентите, може да бидат издадени во согласност со Еднообразните правила за гаранции на повик, издание бр. 758 на Меѓународната трговска комора во Париз , а денарските гаранции се издаваат врз основа на Законот за облигациони односи.

Намена на производот

Банкарската гаранција е инструмент со кој банката гарант презема неотповиклива обврска кон корисникот на гаранцијата, дека во случај на неисполнување на обврските од налогодавачот, кој претставува должник по гаранцијата, обврската ќе биде исполнета од банката гарант и без оглед на видот на гаранцијата, обврската на банката претставува обврска за плаќање.

Видови

Стопанска банка АД, Скопје издава ностро девизни и денарски гаранции.

Стопанска банка АД ги издава следните видови гаранции:

Платежни гаранции вклучително и гаранции за обезбедување на долг во царинска постапка и други
Чинидбени гаранции:
•  Лицитациони (тендерски) гаранции

•  Гаранции за платен аванс

•  Гаранции за добро извршување на работите

•  Гаранции за добро извршување во гарантен период

•  Други видови гаранции во зависност од потребите на клиентите.

Врз основа на добиени контра гаранции од странски или домашни првоклсани банки, Стопанска банка АД издава свои гаранции на корисници во земјата и/или странство согласно барањата на налогодавачот.
Услови за добивање на производот

•  Клиентот да има отворено денарска и/или девизна сметка во Стопанска банка АД

•  Комерцијален или финансиски договор со партнерот за конкретна зделка или проформа фактура, и сл.

•  Да понуди обезбедување: денарски или девизен депозит на фирмата, хипотека на движен и/или недвижен имот, меници уредени со нотарски акт, обврзници од старо штедење, гаранција од првокласна домашна или странска банка, залог на сопствен денарски или девизен штеден влог или штеден влог од трето лице.

•  Гаранциите може да бидат издадени и во рамките на веќе одобрена кредитна линија или рамковен лимит обезбедени со некое од горенаведените обезбедувања.

Потребни документи

•  Барање за издавање на гаранцијата

•  Конкретни документи во зависност од видот на гаранцијата (трговски или финансиски договор со партнерот, проформа фактура, тендерска документација, одобрение издадено од Царинската управа и сл.)

•  Дополнителна документација (извод од тековна состојба од ЦРМ, образец ЗП)

Провизии и трошоци

Во зависност од видот на гаранцијата и обезбедувањето:

Гаранции обезбедени со наменски депозит (денарски или девизен, залог на штедна книшка, гаранција од првокласна банка):
•  0.3% од износот, тримесечно, минимум ден 3.000,00 или месечно, 0.1% од износот, минимум ден. 1.000,00 за платежни и чинидбени гаранции

•  0.2% од износот, тримесечно, минимум ден. 1.500,00 или месечно, 0.07% од износо , минимум ден. 600,00 за лицитациони гаранции

Гаранции обезбедени со хипотека , залог на движен имот и/или меници со нотарски акт (во рамките на веќе одобрен рамковен лимит/ кредитна линија):
•  1.2% од износот , тримесечно , минимум ден 3.000,00 или месечно , 0.4% од износот , минимум ден 1.000,00 за платежни и чинидбени гаранции

•  0.6% од износот , тримесечно , минимум ден . 1.500,00 или месечно , 0.2% од износот , минимум ден . 600,00 за лицитациони гаранции

Измена на услови на гаранции: ден. 2.000,00
Провизијата се наплатува пред издавањето на гаранцијата за првиот месец или тримесечие, а за следните периоди до истекот на рокот на важност на гаранцијата, на почетокот на истите, на салдото на гаранцијата.



Каде може да се добие производот

Во Централата и филијалите на Стопанска банка АД, Скопје на целата територија на Република Македонија.



ЛОРО (примени) ГАРАНЦИИ

Во Централата во Скопје, во Дирекцијата за финансиско тргување, се врши прием на девизни лоро гаранции и истите се авизираат на корисниците резиденти или нерезиденти.

По извршената проверка на автентичноста на примената гаранција како и текстот на истата, гаранцијата се авизира без обврска на Стопанска банка АД.

Стопанска банка АД авизира без нејзина обврска и примени гаранции за клиенти на други банки, по извршената проверка на автентичноста на примената гаранција.

Провизии и трошоци:

•  Авизирање: 0.1% од износот, минимум ден. 600,00 максимум ден. 10.000,00 плус трошоци ден. 200,00

•  Измена на условите на гаранцијата: ден. 600,00 плус трошоци ден. 200,00

•  Преземање и манипулација со документи: 0.15% од износот, минимум ден. 1.500,00 плус трошоци.



Информации

За сите информации и прашања, ве молиме да се обратите во Дирекцијата за финансирање на трговијата, на следните телефони: 3295 416; 3295 514; 3295 276, како и во нашите филијали на целата територија на Република Македонија.


Банката дава бесплатни совети на своите клиенти од доменот на гаранциското работење.