КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

ГЛОБАЛЕН ДОГОВОР
КОРПОРАТИВНИ ГРАЃАНИ ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА


" Да ја обединиме моќта на пазарите преку универзалните идеали . Да ги помириме креативните сили на приватното претприемништво со потребите на сиромашните и барањата на идните генерации ".

- Кофи Анан , генерален секретар на Обединетите нации

 
Во текот на 2004 година Програмата за развој на Обединетите нации во Република Македонија ја презентираше иницијативата – Глобален договор , а во Декември , 2004 беше воспоставена и мрежата на домашните компании кои пристапија кон оваа иницијатива .

Стопанска банка АД - Скопје е една од првите компании која пристапи кон оваа иницијатива , прифаќајки и усвојувајќи ги десетте универзални принципи на корпоративна општествена одговорност како дел од своето секојдневно работење .

 Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан првпат го предложи Глобалниот договор во обраќањето на Светскиот економски форум на 31 ви Јануари 1999 година . Притоа , Генералниот секретар ги покани лидерите во областа на бизнисот да се приклучат на една меѓународна иницијатива - Глобален договор - кој ќе ги доближи компаниите до агенциите на ОН , работничкото и граѓанското општество во поддршка на десет универзални принципи во областите на човекови права , работна сила и животна средина .

Преку моќта на колективна акција , Глобалниот договор цели кон унапредување на корпоративното граѓанство , со што бизнисот ќе стане дел од решението за предизвиците на глобализацијата . На овој начин , приватниот сектор - во соработка со други социјални чинители - може да помогне во реализацијата на визијата на генералниот секретар : поодржлива и вклучувачка глобална економија .


ДЕСЕТТЕ ПРИНЦИПИ 

Десетте принципи на Глобалниот договор во областите на човекови права , работна сила , животна средина и борба против корупција имаат универзален консензус и произлегуваат од :

- Универзалната декларација за човекови права

- Декларацијата на Меѓународната организација за работна сила за основните принципи и права при работа

- Декларацијата за животна средина и развој од Рио

- Конвенцијата на Обединетите нации против корупција

Глобалниот договор бара од компаниите да усвојат , поддржат и донесат , во рамките на нивните сфери на влијание , една група на клучни вредности во областите на човекови права , стандарди на работна сила , животна средина и борба против корупцијата :


Човекови права

Принцип 1: Бизнисите треба да ја поддржуваат и почитуваат заштитата на меѓународно прогласени човекови права ; и

Принцип 2: Да обезбедат нивно несоучесништво во кршење на човековите права .

Работнички стандарди

Принцип 3: Бизнисите треба да ја поддржуваат слободата на здружување и ефективното признавање на правото за колективно преговарање ;

Принцип 4: Елиминација на сите форми на принудна или задолжителна работна сила ;

Принцип 5: Ефективно укинување на детска работна сила ; и

Принцип 6: Елиминација на дискриминација по однос на вработување и професија .


Животна средина

Принцип 7: Бизнисите треба да поддржуваат внимателен пристап по однос на предизвиците на животната средина ;

Принцип 8: Да преземаат иницијативи за промоција на поголема одговорност за животната средина ; и

Принцип 9: Да го охрабруваат развојот и распространување на технологии за поддршка на животната средина .


Борба против коруипција

Принцип 10: Бизнисите треба да работат против сите форми на корупција , вклучувајќи изнудување и мито .

 

За подетални информации , посетете ја веб страната www.unglobalcompact.org или http://www.undp.org.mk/UNGlobalCompact/UNGlobalCompact.htm

Печати