КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Корисни совети



• Картичките може да се користат за комплетирање на трансакции на инпринтери и POS терминали, за плаќање на стоки и услуги секаде каде е истакнат знакот на VISA или MasterCard, како и за подигање на готовина на банкомати и банкарски шалтери.

 

• Картичките на СБ се единствените во Република Македонија кои го поседуваат 3D Secure сертификатот (VbV & MC SecureCode) и овозможуваат највисок степен на сигурност при купувањето на интернет со Visa / MasterCard кредитна или дебитна картичка.


• БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство вклучувајќи ги и ПОС терминалите од други банки.


• VISA и MasterCard картичките е непренослива и може да ја користи исклучиво лицето чии податоци се содржани на картичката.


• За подигање готовина од банкомати се користи ПИН кодот (се наоѓа затворен во пликот што го доставувате заедно во филијалите на банката), кој мора задолжително да го знаете, бидејќи, ако погрешно се внесе повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката.


• ПИН кодот не го чувајте заедно со картичката. Никогаш не го запишувајте ПИН кодот, едноставно меморирајте го. Ако морате да го запишете, не го чувајте во паричникот, или на самата картичка. Никогаш не го давајте ПИН кодот. Никој од финансиска институција, полиција, или продажно место не смее да ве праша за вашиот ПИН код. Единствено само вие го знаете ПИН кодот за Вашата картичка.


• Кога подигате готовина од банкомати осигурете се дека никој не може да го види ПИН кодот или износот на трансакцијата. Немојте да ги пребројувате парите додека стоите пред банкоматот, туку веднаш приберете ги парите, картичката и извештајот. Не ја оставајте Вашата белешка на банкоматот, земете ја со вас и проверете ја со месечниот извештај.


• Осигурете се дека сте ја потпишале вашата картичка на задната страна со цел истата да биде валидна.


• Чувајте ја картичката како да е готовина. Никогаш не ја оставајте во возило, на маса во бар, ноќен клуб, или на плажа. Чувајте ја на сигурно место и не дозволувајте да биде изгребена, или оштетена.


• По извршување на плаќањето, или подигањето готовина, не заборавајте да ја земете картичката и извештајот за трансакцијата. Секогаш проверете го извештајот (слипот од ПОС терминалот) за точноста на податоците и износот на трансакцијата.


• НИКОГАШ не го давајте бројот на картичката преку телефон, освен доколку не тргувате со сигурна компанија, или доколку вие самите сте иницијатор на повикот.


• Доколку дојде до ГУБЕЊЕ, или КРАЖБА, јавете се веднаш во Контакт центарот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ на телефонскиот број: (02) 3100-109


• Превентивно, Стопанска банка времено ја има блокирано можноста за подигнување на готовина од банкоматите во неколку држави во светот, поради добиени релевантни индикации за зголемен број на обиди за злоупотреба на картички во тие земји. Станува збор за следниве држави: Танзанија, Тајланд, Индонезија и Мексико. Блокадата важи само за подигнувањето на готовина што значи дека во овие земји, Visa и MasterCard картичките на Стопанска банка можат непречено да се користат за купување во продажната мрежа кај продажните места кои прифаќаат Visa и MasterCard картички.

 

• Дополнителни информации можат да се добијат во Контакт центарот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ на тел. (02) 3100-109


Работно време: непрекинато 24 часа, секој ден во неделата

 

Печати