КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Определба кон највисоки етички стандарди

•  Се сомневате дека постои злоупотреба на средствата на Стопанска Банка АД - Скопје, крајно неетичко однесување или измама извршена од интерни или екстерни заинтересирани страни:

    -  Пријавете го случајот и Банката ќе ги направи сите разумни напори целосно да го истражи и расчисти;

    -  Бидете насочени кон етичко однесување, и ако знаете некој кој се однесува крајно неетички или ја прекршува валидната интерна или екстерна регулатива, информирајте ја Банката;

    -  Не се плашете за своето работно место, анонимноста на целиот процес е загарантирана, доколку Вие се определите за тоа;

    -  Стопанска Банка АД – Скопје ја гарантира сигурноста и интегритетот на процесот, како и приватноста на идентитетот на лицето кое ќе достави релевантни податоци и информации, согласно етичките стандарди на Банката и соодветната регулатива.

•  Едноставно следете ги нашите инструкции, пополнете го предвидениот Формулар и испратете го.

•  Ако при тоа сакате да останете анонимни и да не го откриете својот идентитет, тоа Ви е овозможено со едноставно одбирање на наведената опција во предвидениот Формулар.

 


 

Процедури за поднесување на приговори или дојави

•  Нашите Процедури за поднесување на приговори или дојави ги воспоставуваат правилата за прием, чување, истражување и третман на пријави примени во Стопанска Банка АД - Скопје, во врска со сметководствени, внатрешни сметководствени контроли, или ревизорски прашања, како и нивно доверливо и/или анонимно доставување, од страна на вработените, клиентите, добавувачите, акционерите и останатите заинтересирани страни кои стапуваат во деловни односи со Стопанска Банка АД - Скопје.


Доколку сакате да испратите приговор или дојава во врска со финансиските извештаи, сметководствените постапки, интерните сметководствени контроли или останати ревизорски прашања, кликнете на линкот подолу

 


Печати