КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

ИСТОРИЈА НА БАНКАТА



 

Стопанска банка А.Д. – Скопје е основана со Решение на Второто вонредно заседание на АСНОМ на 29 декември 1944 година под име Македонска стопанска банка. Со нејзиното основање се поставени темелите на банкарското работење во Македонија и во годините што следуваат речиси не постои позначаен објект, инвестициски или развоен проект што не бил поддржан од Стопанска банка. Историјата на Банката ја одбележуваат сеќавања за тоа како се граделе хидроцентрали, инфраструктурни објекти, фабрички хали, мостови и автопатишта, сеќавања за тоа како растела и се развивала Република Македонија, а со неа растела и се развивала и Стопанска банка. 


Во сиве години на развој и на растеж, Банката се адаптираше на сите карактеристики на општественото и економско уредување, почнувајќи како банка на комунални банки, па здружена банка организирана во филијали, до трансформацијата во акционерско друштво во 1990 година. На почетокот на новиот милениум, Стопанска банка преку приватизацијата станува дел од групацијата на Националната банка на Грција, една од најголемите и најуспешни банкарски групации во Европа. Како што и секојдневниот живот се состои од предизвици, успеси и тешки моменти, така и Банката во своите многубројни години на традиција се соочи со многу  предизвици. На почетокот, предизвикот да се изгради земјата разурната од војна, подоцна да се поддржи економскиот и општествен развој, а во новиот милениум Банката се соочи со, можеби, најголемиот предизвик досега, да се трансформира и преструктурира во модерна финансиска институција организирана во согласност со врвната меѓународна банкарска практика и со тоа да ја поддржи трансформацијата на македонската економија во денешната функционална пазарна економија.



Денес, со повеќе од 1 милион клиенти физички лица, со преку 50 проценти од активните компании во Македонија како клиенти, можеме да кажеме дека сме Банка на секое семејство и партнер на речиси секоја компанија во земјава. Со надминувањето на активата од повеќе од 1 милијарда евра станавме дел од групата на најголеми банки во регионот и најголема банка во Македонија.

Иднината на Банката е обврска да продолжиме понатаму со уште поголема посветеност и подготвеност секогаш да го ислушаме, разбереме и поддржиме здравиот бизнис, ефикасно да го алоцираме штедењето и на тој начин да дадеме придонес кон отворањето нови работни места и кон забрзувањето на економскиот развој. Сигурноста останува врвен приоритет и највисока вредност на корпоративната култура на Банката. Преку новите технологии Стопанска банка ќе стане дел од секојдневното живеење и ќе ги пресели своите шалтери во домовите на населението и во канцелариите на претпријатијата. Ќе продолжиме да растеме потпирајќи се на нашето знаење, на новите и напредни технологии и на меѓународното искуство и на искуството на нашиот мнозински акционер, Националната банка на Грција.


Стопанска банка ќе продолжи да биде мост преку кој се поврзуваат традицијата, сегашноста и иднината и останува секогаш да биде на ваша страна.

Печати