КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

ФУНКЦИОНАЛНОСТИ


Стопанска банка Ви овозможува, 24 часа секој ден на брз, ефикасен и безбеден начин да ги користите банкарските производи и услуги по електронски пат БЕЗ ДА ГО ТРОШИТЕ ВАШЕТО СКАПОЦЕНО ВРЕМЕ СО ПОСЕТА НА ШАЛТЕРИТЕ НА БАНКАТА.


Имате можност за:


•  Следење на состојба и плаќања од денарски и девизните трансакциски сметки 
•  Следење на состојбата на кредитните и депозитните производи кои ги користите 
•  Поднесување барање за кредитни производи за население 


СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБА И ПЛАЌАЊА ОД ДЕНАРСКИ ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ


» Следење на состојба
» Следење на дневни трансакции
» Преземање на изводи
» Плаќања - правни лица
» Информација за износот и датумот на истекување на дозволеното пречекорување на тековна трансакциска сметка

 

СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА КРЕДИТНИТЕ И ДЕПОЗИТНИТЕ ПРОИЗВОДИ КОИ ГИ КОРИСТИТЕ


Следете ги кредитните производи за население кои ги користите, вклучително станбен кредит, автомобилски кредит, потрошувачки кредит, ОК кредит и вашите кредитни картички:


За кредитите со отплата преку еднакви месечни ануитети (станбен кредит, автомобилски кредит и потрошувачки кредит) прикажани ви се основните параметри на производот (вид и број на кредит, износ, валута, рок на отплата, датум на исплата, важечка каматна стапка); воедно е овозможен детален увид во амортизациониот план и во листата на уплати за конкретниот производ.


За револвинг производите (ОК кредит и кредитни картички) се прикажуваат основните параметри на производот (вид на производ, број на сметка, валута, датум на важност на производот, одобрен и искористен кредитен лимит, важечка каматна стапка); воедно овозможено ви е и следење на сите трансакции преку месечниот извештај.Следете ги состојбите на вашите орочени депозити (за физички лица) со детален приказ на основните параметри на орочениот депозит (вид и број на орочениот депозит, износ, валута, рок на орочување, датум на орочување и доспевање, налог за преорочување, податок за капитализација на камата и овластени лица).


Не заборавајте дека имате и можност за реализација на уплати на вашиот Флекси депозит. Уплатите може да се вршат од вашата трансакциска сметка исклучиво на денарските сметки. Притоа уплатата може да се врши на сопствена или на сметка на друго лице.

 

Користењето на е-banking сервисот ви нуди бројни поволности:


•  Заштеда на вашето скапоцено време
•  24 часа увид во вашите сметки 
•  Секаков вид денарски и девизни плаќања 
•  Детален увид во кредитните и депозитни производи кои ги користите
•  Можност за поврзување со финансиско-сметководствени програми
•  Поуспешно управување со вашите деловни и приватни финансии
•  Навремена информација за сите нови производи и услуги кои Банката ги воведува

Печати