КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

Информација за FATCA (Foreign Account Tax Compliance Act)

 

Што е FATCA?  На кого се однесува?

Во март 2010 година, американскиот Конгрес го усвои Законот за усогласување на даноците по странски сметки – Foreign Account Tax Compliance Act–FATCA, кој има за цел да го спречи затајувањето на данокот од страна на даночните обврзници на Соединетите Американски Држави (САД) кои имаат сметки во странство. FATCA стапи во сила од 01 Јули 2014 година.

 

Почитувани клиенти,

 

Во врска со горенаведеното Ве известуваме дека Стопанска Банка АД – Скопје (СБ), како дел од Групацијата на Националната Банка на Грција (НБГ Групација), од 01.07.2014 година започна со имплементација на процедура за идентификација на сите свои клиенти во која покрај усогласеноста со законската и подзаконската регулатива во Република Македонија, ќе се усогласи и со одредбите од Законот за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act–FATCA).

 

Принципи на FATCA

Финансиските институции што не се резидентни во САД, како што е СБ, ќе вршат идентификација на клиентите и на годишно ниво ќе доставуваат извештај на даночните органи на САД. Извештајот за идентификацијата на клиентите содржи информации за сметки отворени и одржувани од резиденти на САД, за странски правни лица на коишто вистинскиот сопственик е со САД-индиција како и за клиенти што се класифицирани како “клиенти што не соработуваат”.

Одбивањето на соработка со даночните органи на САД е санкционирано врз основа на законодавството во САД, на начин што ќе се задржува30 проценти од какви било исплати кон САД (камати, дивиденди, кирии, плати, надоместоци на плати, премии, ануитети, компензации и други фиксни или определени годишни или периодични добивки).

СБ како членка на НБГ Групацијата е регистрирана на веб – сајтот на  ИРС (даночните власти) на САД со статусот: Participating Foreign Financial Institution not covered by an IGA ипоседува GIIN број – 9D9IVH.00011.ME.807.

Имајќи го во предвид овој статус, финансиските институции треба да ги подготват сите потребни информации што се побарани од даночните власти на САД и да го извршат известувањето согласно одбраниот модел на а Меѓувладин договор кој се склучува помеѓу САД и земјата потписничка.

Следствено, до склучувањето на Меѓувладиниот договор помеѓу Република Македонија и властите од САД, а во согласност со важечката законска рамка во Република Македонија од областа на заштитата на личните податоци и одредбите за банкарска тајна, со цел за заштита и одржување на баланс помеѓу правата на потрошувачите и ризикот од примена на одредбите на погоре споменатото задржување на средствата, СБ Ве известува дека ќе собира податоци во поглед на идентификување / известување за оние клиенти кои се предмет на одредбите на FATCA.

Почнувајќи од 1 Јули 2014 година, Банката од своите клиенти бара информации како што се: можно поседување на државјанство на САД,  можно поседување на дозвола за престој во САД, итн. и/или документација што е потребна за утврдување на статусот на клиентот.

Доколку FATCA одредбите се применливи во конкретниот деловен однос помеѓу СБ и Клиентот, СБ ќе побара и изречна согласност на Клиентот за:

  • употреба/процесирање на личните податоци на Клиентот (вклучувајќи го и оние за лична идентификација) и банкарските и финансиски податоци за Клиентот, за да се усогласи со FATCA законот;
  • пренос на личните, банкарските и финансиските податоци на Клиентот (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, документи за идентификација на Клиенти што имаат /поседуваат сметки, моментална состојба на сметките на Клиентите, трансакции на Клиентите итн.) до даночните власти на САД (Управата за јавни приходи), ослободувајќи ја Банката од обврската за чување на банкарска тајна согласно важечката регулатива во РМ.

Со цел за постигнување на горенаведените цели, Банката ќе ги обработува личните податоци на наведените лица во целокупното банкарско работење.

 

Одбивањето на клиентот:

-        да ги достави бараните документи/информации до Банката и

-        да даде согласност за собирање, обработување и пренесување на личните податоци

во однос на усогласување со одредбите на FATCA, ќе води до неможност за Банката во иднина да ги обезбедува услугите за тие клиенти.

Дополнителни информации за FATCA може да добиете на веб-сајтот на IRS на САД:

 

http://www.irs.gov/Businesses/Corporations/Foreign-Account-Tax-Compliance-Act-FATCA

 

Повеќе информации во однос на усогласеноста на СБ со FATCA може да добиете со преземање на Потврдата за даночен статус на правно лице (Образец W-8BEN-E) на следниов линк.

Печати