
E - banking
Што е e-banking сервисот?
Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршувате финансиски трансакции или да вршите увид во состојбите и извештаите за вашите сметки и вашите кредитни и депозитни производи во Банката.
Е-banking сервисот на СБ се одвива преку енкриптирана комуникација помеѓу клиентот и Банката со посредство на интернет. За е- banking сервисот Стопанска банка користи сопствено програмско решение и највисоки стандарди за сигурносна идентификација.
За користење на оваа услуга потребно е да имате комјутер приклучен на интернет и да се пријавите преку интернет или во една од филијалите на Банката.
НОВО: Стопанска банка АД - Скопје воведе услуга девизно плаќање за физички и правни лица. Корисниците кои сакаат да им биде овозможена оваа услуга треба да ги пополнат документите наведени на овој линк.
e-banking УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:
• Вршење на плаќања од денарските или девизните трансакциски сметки за физички лица, во согласност со Терминскиот план на СБ
• Следење на тековна состојба на сите денарски и девизни сметки
• Следење на дневни трансакции на сите денарски и девизни сметки
• Преземање на изводи за сите денарски и девизни сметки (вклучително и за кредитни картички)
• Увид во листа на плаќања и амортизациони планови за кредитни производи
• Увид во детали за депозитни производи
• Информација за датумот на истекување на дозволеното пречекорување на денарската тековна трансакциска сметка за физички лица