e-com image

 

Е-COMMERCE - ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА

 

Електронска трговија (e-commerce)


Електронската трговија (e-commerce) е израз на современиот начин на живење кој продажбата преку Интернет ја прави едноставна и достапна во секој дом, насекаде во светот. 

 

Едноставноста во купувањето преку глобалните картични брендови Visa & MasterCard, достапноста во секој дом и на секое место како и релативно ниските трошоци за одржување (споредено со продажбата на физички локации) ја прават Интернет Трговијата најбрзо растечки бизнис во светски рамки кој континуирано бележи зголемување во секоја земја во светот.

 

Сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка е наменет за правните лица кои имаат сметка во Банката (или планираат да отворат). Доколку сте заинтересирани за користење на сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка, доволно е да пројавите интерес на e-mail: e-commerce@stb.com.mk  или да ја посетите i-bank store филијалата на банката во центарот на Скопје (кеј 13 Ноември).

 

Пополнете го ова барање и доставете го во испечатена форма со цел да ја забрзате постапката за отворање на ваша електронска продавница.

 

Зошто сервисот за електронската трговија на Стопанска банка е најдобриот избор:

 

  • Подемот на електронската трговија во РМ настана токму со појавата сервисот за  електронска трговија на Стопанска Банка, како комплетно решение кое уште во самиот го препознаа и започнаа да го користат најголемите компании во оваа област. Токму затоа близу 50% од вкупниот промет во електронската трговија во РМ се реализира преку Стопанска Банка.
  • Сервисот нуди високо ниво на безбедност во согласност со меѓународните стандарди на Visa и MasterCard, и поволни ценовни услови за имплементација и користење.
  • Сервисот на Стопанска Банка овозможува продажба на производи и услуги во земјата и светот преку платежните картички кои го носат брендот на Visa или MasterCard/Maestro.
  • Сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка се карактеризира со исклучителна едноставност во техничката имплементација на веб страната на клиентите (правни лица) и високо ниво на техничка подршка.
  • Сервисот доаѓа во пакет со останатите професионални услуги на банката во делот на водењето на сметка, денарски и девизен платен промет и е-банкинг, како и детални извештаи за реализираните плаќања преку сервисот за електронска трговија.
  • Дел од активните e-commerce трговци кои го користат сервисот на Стопанска банка можете да ги погледнете тука.

 

 Предности на електронската (интернет) продажба на производи и услуги:

 

  • Заштедува време, овозможувајќи купување/плаќање/нарачка во било кое време (24/7) од било кое место во земјата или странство
  • Овозможува пласман на производите на целиот пазар во земјата, регионот или целиот свет
  • Овозможува поголема транспарентност и споредливост на карактеристиките на производите и услугите кои се продаваат/нудат.
  • Овозможува пониски трошоци за продажба во однос на продажбата на производи и услуги преку физичка локација (продавница или претставништво), како и поедноставна администрација и можност за управување со залихите по принципот точно на време (just in time).
  • Можноста за елиминирање на посредниците и директниот пристап до клиентите, како и пониските трошоци за продажба овозможуваат продажба на производите по поконкуренти цени и услови. 

Корисниците на сервисот за електронска трговија на својата веб страна задолжително треба да ги постават ознаките на VISA и MasterCard.

 

visa i master oznaki-01

 

visa i master oznaki-02

 

 

Покрај можноста за склучување на договор со Стопанска Банка, сервисот за електронска трговија на Банката може да го користите и на посреден начин, преку реализирање на соработка со некоја од компаниите кои соработуваат со Банката и можат да ви понудат и изработка на комплетно веб решение за електронска трговија:

 

•    Трговски центар (www.tc.mk) преку користење на некој од пакетите на услуги. Повеќе информации за оваа понуда може да се добијат на тел. број: 02 3224 784 или email biznis@tc.mk или на веб страната www.biznis.tc.mk


•     Компанијата iVote (креаторите на водечката интернет книжарница www.kupikniga.mk) во соработка со Стопанска банка, Ви овозможуваат брзо, лесно и сигурно да започнете со со ваша интернет продавница. Cisium е вистинското решение за електронска трговија (http://www.ivote.mk/ProductiCisium.aspx). Повеќе информации за реализација на соработката може да добиете на: contact@ivote.mk.

 

•     Во соработка со УКИОН, брзо и едноставно може да започнете со интернет продажба. Се е вклучено во цената на пакетите и поврзано со ваша сметка во Стопанска банка АД - Скопје. Повеќе информации на веб страната: www.ukion.mk, email: info@ukion.mk или на +389 (0)70 787 850.

Печати