КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Дополнителни услуги

 

Кредитни картички со залог депозит

СБ нуди можност да добиете кредитна картичка која е обезбедена со залог депозит од брендовите VISA или MasterCard. Овие картички се со намалена каматна стапка од само 6,9% годишно, и се квалификуваат за целосно ослободување од годишното членство кај клиентите кои се редовни во отплатата. При аплицирањето за обезбедена картичка не е потребна потврда за редовен работен однос и висина на месечни примања.


Промена на циклус

Можете да направите промена на месечниот циклус (датумот на плаќање) на вашата VISA или MasterCard кредитна картичка или Мој Кеш кредит со јавување во Контакт Центарот на 02/3100-109 достапен 24 часа или да го превземете барањето тука и да го доставите во било која од филијалите на банката.

 

Промена на ПИН код

Можете да направите бесплатна промена на ПИН кодот на вашата VISA или MasterCard платежна картичка или Мој Кеш кредит на секој од банкоматите на Стопанска Банка АД Скопје. Се што треба да направите е да одберете Дополнителни услуги и да ги следите инструкциите на екранот од банкоматот.

 

Промена на кредитен лимит

Во било која од филијалите на СБ можете да поднесете барање за промена на кредитниот лимит на вашата VISA или MasterCard кредитна картичка. Барањето за промена на лимитот е достапно тука.

 

Безбедно купување на интернет - 3D Secure

Картичките на СБ се единствените во Република Македонија кои го поседуваат 3D Secure сертификатот (VbV & MC SecureCode) и овозможуваат највисок степен на сигурност при купувањето на интернет со Visa / MasterCard кредитна или дебитна картичка.

Повеќе информации на следниот линк.

 

АТМ банкарство

Искористете ја најголемата мрежа на банкомати во Македонија за плаќање на сметки за комуналии и рати за кредити/картички, за пренос на средства и за проверка на мини месечен извештај за кредитна картичка.

 

Дополнување на prepaid сметка

Банкоматите на СБ овозможуваат надополнување на вашата prepaid мобилна сметка 24 часа во денот без дополнителни провизии и трошоци. Деталното упатство за надополнување на тука.

 

Електронска достава на месечни прегледи

Изберете електронска достава и навремено и прегледно добивајте ги месечните прегледи за VISA и MasterCard кредитните картички и Мој Кеш кредитот. Со изборот на електронска достава на извештаите ја зачувувате околината, а добивате и можност за намалена годишна чланарина. Се што е потребно е да се јавите во Контакт Центарот на 02/3100-109 достапен 24 часа или да го превземете барањето тука  и да го доставите во било која од филијалите на банката.

 

 

Рефинансирање на картички

Банката нуди можност за трансферирање на балансот од вашите кредитни картички од другите банки во РМ на кредитна картичка во по исклучително поволни услови. Рефинансирањето, односно трансферот на баланс можете да го извршите на 12 еднакви месечни рати, без камата, со еднократна провизија од 3,95% од износот на долгот кој се рефинансира.

Барањето за баланс трансфер можете да го превземете тука.

 

Консолидација на кредитни картички

Интерната консолидација на кредитни картички од СБ овозможува едноставно и без дополнителни трошоци за клиентот спојување на кредитниот лимит и долгот на двете картички во една од постоечките или нова картичка од СБ.

Косолидацијата се врши од VISA кон VISA или од VISA кон MasterCard кредитна картичка.

Барањето за консолидација можете да го превземете тука.

 

Траен налог

Клиентите кои се приматели на плата на трансакциска сметка во СБ имаат можност месечните обврски по VISA и MasterCard кредитните картички да ги сервисираат со воспоставување на траен налог и со тоа да го прескокнат редот во филијалите. Трајниот налог се реализира на последниот работен ден од рокот за уплата и може да се воспостави на минималниот износ за плаќање или на вкупно достасаните обврски. При вашата следна посета на некоја од филијалите на СБ побарајте воспоставување на траен налог и заштедете го вашето време.

 


Печати