КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Карактеристики на девизна сметка

 

Отворање во
Филијала на СБ


Минимално салдо

 

Документ кој го издава филијала на СБ
При отворањето на девизна сметка СБ на комитентот му издава:
•  договор за отворање тековна сметка во девизи
•  картица за девизна сметка, со потпис на комитентот


Уплати
- во ефективни странски пари, во сите филијали, на било кој шалтер на СБ и тоа неограничено за резиденти , а за нерезиденти до 10.000 ЕУР месечно или противвредност на друга валута до тој износ како и исносот на непотрошени ефективни странски пари претходно повлечени од сметка на нерезидентот
Нерезидент може да уплати поголем износ со поднесување писмено барање и оригинална писмена потврда издадена од Царинската управа на Република Македонија не постара од 5 работни дена од денот на издавањето
- меѓународна поштенска упатница
- банкарска дознака
- пренос од друга сметка во СБ


Исплати
- во ефективни странски пари во сите филијали на било кој шалтер на СБ, без ограничување за резиденти и нерезиденти во рамките на расположливите средства,
- во денари во сите филијали на било кој шалтер на СБ, без ограничување во рамките на расположливите средства,
- за извршување на ностро дознака на резидент за семејни животни трошоци и лични трансфери на средства во противвредност на 2500 ЕУР месечно со или без презентација на документ;
- еднострани лични трансфери на средства над 2.500 EUR, или противвредност во друга валута, за резидент со презентација на документ од кој може да се утврди основот и обврската за плаќање, а за нерезидент во рамките на расположливите средства врз основа на барање и важечки документ за идентификација или копија заведена кај нотар , иселеничка, или работна виза
- плаќање во странство за купување на стоки и услуги до износ на кој гласи документ
- ностро дознака по основ повраќај на пензија во странство по основ на барање на пензиски завод во странство
- пренос на средства од сметка во СБ на сметка во странство на исто лице кое има статус на нерезидент, односно врз основа на приложување на доказ -работна виза или виза за престој во странство за период од најмалку 6 месеци
- издавање на ностро чекови до 2500 ЕУР по основ на личен трансфер без обврска за презентација на документ за плаќање, а на износ поголем од 2500 ЕУР со задолжителна презентација на документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање
- за плаќање на стоки на консигнациони складови со презентација на фактура за плаќање
- за плаќање во денари на домашни правни лица неограничено за резиденти и нерезиденти во рамките на расположливите средства
- за извршени плаќања во странство со ВИСА картичка
- со пренос на средстав на друга сметка во СБ и во странство на име на комитентот на кој гласи сметката
- за плаќање на општествен стан врз основа на потврда во која се наведени износот на средствата, начинот на плаќање и бројот на бодовите што се плаќаат со износот на средствата
Нерезидент може неограничено, во рамките на расположливите средства , да врши трансфер на средства во странство и неограничено да врши плаќања во платниот промет во Република Македонија


Документ кој се доставува во филијала на СБ за располагање со девизната сметка и ажурирање на документација за идентификација на нерезидент
Сопственикот/ополномоштеното лице за располагање со депозитот презентира во филијала на СБ
•  документ за идентификација на рез з идент / нерезидент
•  картица за девизна сметка
Исплати може да се извршат и без да се презентира картица за сметка, но во тој случај комитентот е должен да презентира идентификациона картичка издадена од СБ.
Статус на нерезидент има:
•  физичко лице со постојано место на живеење во странство кое се идентификува со пасош издаден од друга земја, или работна виза или виза за престој во траење од најмалку 6 месеци
Документ за идентификација:
(се идентификува со оригинал, или копија заверена кај нотар, а се задржува фотокопија):
•  важечка лична карта или патна исправа на резидент
•  важечка патна исправа на нерезидентот во која се содржани податоците: име и презиме, место и дата на раѓање, постојано место на живеење
•  за лице овластено за работа со сметката: лична исправа и писмено овластување потпишано од сопственикот на сметката
Резидентот/нерезидентот е должен по истекот на рокот на важноста на патната исправа до Банката да достави важечка документацијата за идентификација.
Доколку нерезидентот не достави ажурна документација за идентификација, Банката, согласно законската регулатива , има обврска да не му дозволи на нерезидентот да врши промет преку сметката


Камата
- се пресметува од денот на уплатата до денот на исплатата, со примена на каматна стапка за соодветната валута во која се води депозитот утврдена со Одлука на СБ и каматната стапка е променлива Пресметката на каматата се врши месечно со припис на депозитната сметка со иста валута

Стопанска банка, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми.


Овластување
- сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на отворање на влогот или дополнително во било кој период (Види текст за Давање полномошно на друго лица за располагање со депозитот)


Тајност
- податоците на штедниот влог се деловна тајна на банката


Соопштување податоци за штеден влог
Податоците за сметка (број на сметка, состојба на сметка, издадени, и други податоци поврзани со сметката) се деловна тајна на СБ.
Податоците за сметки можат да се соопштат во следните случаи:
•  ако е пропишано со закон објавување на податоците и информациите
•  ако сопственикот на сметката и дал писмена согласност на СБ за откривање на податоците
•  на писмено барање на надлежниот суд за водење на постапки кои се во рамките на неговите надлежности
•  за потребите на НБРМ или на друг супервизорски орган овластен со закон
•  на писмено барање на Управата за јавни приходи за водење на постапки кои се во рамките на неговите надлежности
•  ако податоците се соопштуваат на Бирото за спречување на перење пари и финансирање тероризам, во согласност со закон
•  ако податоците се соопштуваат на Биро за финансиска полиција, во согласност со закон
•  на писмено барање на Девизен инспекторат за контрола на девизното работење
•  на писмено барање на Фондот за осигурувањер на депозити , во согласност со закон
•  ако податоците се соопштуваат за потребите на функционирање на Кредитниот регистар на НБРМ
•  по писмено барање на лицата овластени за извршување во согласност со закон


Исплати од штеден влог на починат комитент
Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со влогот на лицето кое е ополномоштено за располагање, освен во случај кога е издадено полномошно за располагање со средствата и после смртта на сопственикот на влогот.
Во СБ може да се исплати од депозитот пред да се поведе оставинска постапка на име на трошоци за погреб на починатиот


Постапка со загубен, договор, картица за девизна сметка
Сопственикот/ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијала на СБ дека е изгубен соодветниот документ со цел веднаш да се изврши замена со нов документ. Ако сака сопственикот може да се изврши:
•  блокада на средствата на рок што тој ќе го одреди
•  да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка


Извод за состојба на девизната сметка
Се издава на на било кој шалтер на СБ на барање на сопственикот на депозитот/ овластеното лице за располагање со депозитот со презентирање на документ за идентификација и со картица за сметка / иднтификациона картица


Траен налог за плаќање
Сопственик на девизната сметка/ овластено лице за располагање со депозитната сметка може да даде траен налог во филијала на СБ за плаќање на одредени услуги или за пренос на средства на друга одредена сметка на име на комитентот во СБ за плаќање / пренос секој месец при што може:
•  да го одреди и датумот и износот за плаќање / преносот
•  или да ја овласти СБ од сметката да плати на ден и износ наведен во документот за плаќање издаден од правното лице на чија сметка се врши плаќањето со трајниот налог
Трајниот налог се реализира ако на сметката има средства за целосна реализација
Траен налог даден во СБ може да отповика сопственик на депозит / овластено лице за располагање со депозитот со неограничено право на располагање


Затворање на девизна сметка по видување
Затворање на девизна сметка по видување може да се изврши:
•  на барање на сопственикот на депозитната сметка
•  по оценка за неактивност на сметката согласно одлука на орган на СБ
За спроведување на затворањето се презентира договор за депозит и картица за сметка , се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица врз основа на решенија на надлежни органи во Република Македонија, не може да се спроведе затворањето.

Печати