КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Карактеристики на денарски штеден влог

 

 

Отворање во
Филијала на СБ


Минимално салдо
100,00 МКД


Документ што го издава филијала на СБ
При отворањето денарски штеден влог / депозит по видување, СБ на комитентот му издава:
- договор за орочен депозит
- штедна книшка / картичка за депозит по видување


Уплати
- во готово, во сите филијали на кој било шалтер на СБ
- пренос на плата од работодавец
- пренос од друга сметка во СБ
- пренос од сметка во друга банка


Исплати 
- во готово, во сите филијали на кој било шалтер на СБ
- со пренос на средства на друга сметка во СБ, или во друга банка


Документ што се доставува во филијала на СБ за располагање со влогот / депозитот
Сопственикот / ополномоштеното лице за располагање со депозитот во филијалата на СБ презентира:
- документ за идентификација
- штедна книшка, ако е издадена на тој депозит
- картичка за сметка, ако е издадена на тој депозит
Исплати може да се извршат и без да се презентира штедната книшка, но во тој случај комитентот е должен да презентира идентификациска картичка издадена од СБ и дополнително да ја достави штедната книшка за да се ажурираат настанатите промени. Одговорноста за ажурирањето на штедната книшка е на сопственикот на депозитот



Камата 
- се пресметува од денот на уплатата до денот на исплатата, со примена на каматна стапка утврдена со одлука на СБ. Каматната стапка е променлива. Пресметувањето на каматата се врши месечно.
Стопанска банка, во согласност со важечката регулатива, редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб-страницата, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми.


Овластување
- сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на отворање на влогот, или дополнително, во кој било период (види текст за давање полномоштво на друго лице за располагање со депозитот)


Тајност
- податоците на штедниот влог се деловна тајна на банката


Соопштување податоци за штеден влог
- ако сопственикот на влогот ѝ дал писмена согласност на СБ за откривање податоци
- на писмено барање, или налог од надлежниот суд
- по писмено барање на НБРМ за потребите на супервизијата, или на друг орган овластен со закон
- ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување перење пари, во согласност со закон




Исплати од штеден влог на починат комитент
Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со влогот на лицето што е ополномоштено за располагање.

Во СБ може да се исплати од влогот пред да се поведе оставинска постапка, на име трошоци за погреб на починатиот

 

Постапка со загубена штедна книшка, договор, картичка за депозит
Сопственикот/ ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијалата на СБ дека е изгубен соодветниот документ, со цел веднаш да се изврши замена со нов документ. Ако сопственикот сака, може да се изврши:
- блокада на средствата во рок што тој ќе го одреди
- да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка



Извод за состојба на депозитна сметка на која е издадена картичка
Се издава на кој било шалтер на СБ на барање на сопственикот на депозитот, или овластеното лице за располагање со депозитот, со презентирање документ за идентификација и со картичка за сметката / идентификациска картичка


Траен налог за плаќање
Сопственик на депозитна сметка/ овластено лице за располагање со депозитната сметка, може да даде траен налог во филијала на СБ за плаќање одредени услуги, или за пренос на средства на друга одредена сметка во СБ за плаќање / пренос секој месец, при што може:
- да го одреди и датумот и износот за плаќање / преносот 
- или да ја овласти СБ од сметката да плати на ден и износ, наведен во документот за плаќање, издаден од правното лице на чијашто сметка се врши плаќањето со трајниот налог.
Трајниот налог се реализира ако на сметката има средства за целосна реализација.
Траен налог даден во СБ може да отповика сопственик на депозит / овластено лице за располагање со депозитот со неограничено право на располагање.


Затворање штеден влог / депозит по видување
Затворање денарски штеден влог / депозит по видување може да се изврши:
- на барање на сопственикот на депозитната сметка
- по оцена за неактивност на сметката, во согласност со одлуката на орган на СБ
За спроведување на затворањето, на барање на сопственикот се презентира штедна книшка / договор за депозит, се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ, или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица на основа на решенија на надлежни органи во Република Македонија, не може да се спроведе затворањето

Печати