e-com image

Депозити во Стопанска банка а.д. - Скопје


Каматни стапки за денарски и девизни депозити


Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Покрај традицијата исполнета со пораст, развој и успех Банката како членка на најголемата групација во Југоисточна Европа – Националната банка на Грција нуди сигурност и стабилност за вашите депозити и конкурентна предност за вашиот бизнис.


Вложете ги вашите средства во сигурни пласмани, по конкурентни каматни стапки, на флексибилни рокови, во согласност со вашите потреби и можности. Орочувањето на паричните средства и производите што ги нудиме се целосно подредени на вашите потреби и барања што постојано ги следиме и спроведуваме во нашето работење.

Кој сè може да орочи депозит?
Правни лица, односно микро, мали и средни претпријатија, корпорации, здруженија и јавни установи. 

Кои видови депозити постојат?

• Денарски и
• Депозити во странска валута

Депозитите можат да бидат без одредена намена или наменски. 

Што треба да знаете? 

 
Износ на депонирање: Неограничен

Рок на депонирање:
За денарски депозити: по видување, на кратки рокови до 1 месец и рокови од 1 месец до 60 или повеќе месеци.
За депозити во странска валута: од 1 месец до 24 или повеќе месеци.

Каматна стапка:
Каматните стапки за сите видови депозити се утврдуваат во согласност со Одлуките за каматни стапки на Стопанска банка а.д. – Скопје.

Исплата на камата:
Исплатата на каматата се врши на денот на достасување на депозитот или месечно, во согласност со барањата на клиентите. 

Располагање со депонираните средства:
За сите видови орочени депозити располагањето со депонираните средства е можно во моментот на достасување на депозитот, односно со завршување на периодот на орочувањето или предвреме во согласност со условите на банката. Кај депозитот по видување клиентот може неограничено да располага со средствата во секој момент

 

 

 


Печати