3D_Secure_slika_za_web

Давање полномошно на друго лице за располагање со средствата од депозитот

 

Сопственикот на депозитот може во моментот на отворање на депозитот или дополнително да даде полномошно на друго физичко лице (едно или повеќе) за располагање со средствата од депозитот во периодот на важење на договорот за депозит:
- на шалтерите на СБ
- кај нотар,
- дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во странство и кај друг надлежен орган


Полномошно дадено надвор од СБ пред надлежни надворешни органи се поднесува во СБ во оригинал, или во копија заверена кај нотар.


Сопственикот на депозитот може да даде полномошно за:
- неограничено располагање со средствата
- ограничено располагање со средствата (на одреден износ, или на одреден период, или за располагање само со каматата и слично)
- еднократно полномошно


Ополномоштеното лице нема право да бара СБ да ја затвори сметката на која се води депозитот , ниту да го пренесе неговото полномошно на друго лице.

 

Сопственикот на депозитот може да одреди полномошното да се користи во периот на важење на договорот за депозит се до отповикување од страна на сопственикот на депозитот.

Печати