КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

АТМ плаќања

 

УСЛУГИ ДОСТАПНИ ПРЕКУ БАНКОМАТ:

 


1. Сервис за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ -  претставува можност за плаќање на режиски трошоци со компании со кои СБ ќе склучи договор. Сервисот за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ е достапен само за корисниците на кредитни и дебитни картички издадени од Стопанска Банка (Visa & MasterCard). Користењето на сервисот за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ е без НИКАКВА ПРОВИЗИЈА или НАДОМЕСТОК за корисниците на дебитни и кредитни картички.


2. Сервис за ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА  - претставува можност за денарски трансфер на средства од денарската сметка поврзана со картичката кон некоја од следниве категории на сметки:

• Тековни сметки

• Кредитни картички и Мој Кеш

• Виза Интернет сметка

• Сметка на кредит – станбен/автомобилски/потрошувачки

• Флекси депозит

При извршувањето на трансакцијата клиентот  внесува само:

• 10-цифрена сметка (без водечките 200 и без последните 2 броја) и

• износ за плаќање

Сервисот за ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА е достапен за сите дебитни картички (Visa & MasterCard) издадени од Стопанска банка.

3. Сервис за МИНИ ПРЕГЛЕД – претставува можност за увид во најважните податоци од последниот месечен преглед за кредитната картичка или Мој Кеш. Притоа клиентот има увид во следниве податоци:

• Период за кој се однесува последниот извештај (од – до)

• Минимален износ за плаќање

• Вкупен искористен износ од кредитниот лимит

• Износ на кредитниот лимит

• Расположливи средства (на крајот од кредитниот циклус)

ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ:

•Сервисот за АТМ Плаќања е овозможен само за картичките издадени од Стопанска Банка

• Сервисот за АТМ Плаќање е наменет само за физички лица. VISA BUSINESS картичките кои гласат на правни лица, се исклучени од можноста за користење на овој сервис.

• Трансакциите направени преку сервисот за АТМ Плаќање не подлежат на никаква дополнителна провизија.

• Сервисот за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ е достапен за сите (Visa & MasterCard) картички издадени од Стопанска Банка. Исклучок се само VISA BUSINESS картичките кои гласат на правни лица.

• Сервисот за АТМ Плаќање функционира 24/7, односно постојано е на располагање за трансакции на корисниците во рамките на 24 часа, секој ден во неделата.

• Трансакциите направени надвор од работното време на платниот промет на СБ, се реализираат (книжат) следниот работен ден. Такви се сите трансакции (од понеделник до петок) направени по 18:00, а во сабота трансакциите направени по 14:00.

• Трансакциите направени во рамките на работното време на платниот промет, се реализираат истиот ден.

• При реализирањето на трансакциите преку АТМ сервисот за ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА, доколку внесениот износ (за трансфер) има децимални позиции – трансакциите се реализираат согласно општоприфатените норми за заокружување на ниво од 0.50 или 1 денар.

• Со внесување на својата кредитна или Мој Кеш картичка, клиентот може да побара увид (Мини Преглед) во основните податоци од последниот месечен преглед на своите кредитни картички или Мој Кеш. Кај износите не е применет принципот на заокружување на ниво од 0.50 или 1 денар.

Печати