e-com image

АКРЕДИТИВИ

 

ДОКУМЕНТАРНИ АКРЕДИТИВИ

 

НОСТРО (УВОЗНИ) АКРЕДИТИВИ

 

Опис на производот

 

Документарниот акредитив е неотповиклива обврска на банката издавач кон корисникот на акредитивот на барање и врз основа на инструкции добиени од неговиот клиент-налогодавач, да плати по видување или на одреден иден датум определена сума пари, со презентација на документи во согласност со роковите и условите предвидени во акредитивот.

Сите акредитиви се отвораат во согласност со Еднообразните правила и обичаи за документарни акредитиви, публикација бр. 600 во издание на Меѓународната трговска комора во Париз.

 

Намена на производот

 

Документарниот акредитив е инструмент во платниот промет со странство со кој се обезбедува сигурност на увозникот дека ќе плати за примената стока или услуга откако ќе се исполнат условите одредени со акредитивот , како и сигурност на извозникот дека со презентација на уредни документи ќе му биде платена противвредноста на извезената стока или извршената услуга.

 

Видови

 

Стопанска банка АД, Скопје отвора неотповикливи ностро акредитиви плативи по видување или со одложено плаќање. Издава и револвинг акредитиви. За конфирмација на акредитивите, Стопанска банка АД го користи широкиот спектар на долгогодишни банки партнери низ целиот свет и не наплатува повисока провизија за конфирмираните акредитиви.

 

Услови за добивање на производот

 

  • Клиентот да има отворено денарска и девизна сметка во Стопанска банка АД
  • Комерцијален договор со партнерот или проформа фактура
  • Да понуди обезбедување: денарски или девизен депозит, купени девизи на негова акредитивна сметка, кредит одобрен од банката, гаранција од првокласна банка
  • Акредитивот може да бидат издаден и во рамките на веќе одобрена кредитна линија или рамковен лимит обезбедени со хипотека на движен и/или недвижен имот, меници уредени со нотарски акт, девизен или денарски штеден влог на физичко лице, обврзници од старо штедење, гаранција од првокласна домашна или странска банка.

 

Потребни документи

 

  • Барање за отворање на акредитив
  • Пополнет образец 1451 (банката помага во пополнувањето на истиот)
  • Комерцијален договор или проформа фактура
  • Дополнителна документација (извод од тековна состојба од ЦРМ, образец ЗП)

 

Потребни документи

 

Во зависност од видот на обезбедувањето:

 

1. Со парично покритие:

- 0.3% од износот, тримесечно, минимум ден 1.800,00 плус трошоци ден. 900,00

 

2. Акредитиви отворени во рамки на кредитна линија/рамка обезбедени со хипотека, залог на движен имот и/или меници со нотарски акт

- 1.2% од износот, тримесечно, минимум ден 3.600,00 плус трошоци ден. 900,00

 

3. Измена на услови: ден. 1. 200,00

 

Провизијата се наплатува пред отварањето на акредитивот за првото тримесечие, а за следните тримесечја на почетокот на истите, на салдото на акредитивот. Кај акредитивите со одложено плаќање провизијата се наплатува се до истекот на обврската за плаќање.

 

Каде може да се добие производот

 

Во Централата и филијалите на Стопанска банка АД, Скопје на целата територија на Република Македонија.

 

ЛОРО ( ИЗВОЗНИ) ДОКУМЕНТАРНИ АКРЕДИТИВИ

 

Во Централата во Скопје, во Дирекцијата за финансиско тргување, се врши прием на извозни - лоро акредитиви и истите се авизираат на корисниците резиденти или нерезиденти.

 

По извршената проверка на автентичноста на примениот акредитив како и текстот на истиот, во зависност од условите на акредитивот, истиот се авизира без обврска на Стопанска банка АД или со нејзина конфирмација.

 

Стопанска банка АД, Скопје е една од ретките банки во Македонија која врш и пренос на примените преносиви акредитиви согласно условите на првиот корисник (посредникот).

 

Провизии и трошоци:

 

  • Авизирање: 0.1% од износот, минимум ден. 1.500,00 максимум ден. 10.000,00 плус трошоци ден. 200,00
  • Проверка на документи: 0.2% од износот, минимум ден. 2.000,00 плус поштенски трошоци
  • Обработка на прилив по лоро акредитив: 0.09% од приливот, минимум ден. 1.500,00 плус трошоци ден. 200,00
  • Пренос на акредитиви: 0.3% од износот, минимум ден. 1.800,00.
  • Измена на условите: ден. 1.200,00
  • Конфирмација на лоро акредитив: со покритие: 0.3% од износот на презентираните документи, без покритие: 3% од износот на акредитивот.

 

Информации:

 

За сите информации и прашања , слободно обратете се во Службата за акредитиви на следните телефони: 3295 276, 3295 416, 3295 514, како и во нашите филијали на целата територија на Република Македонија.

 

Банката дава бесплатни совети на своите клиенти од доменот на акредитивното работење.

Печати